Автор: Општина Кавадарци

ПРВА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПУЛП

ПРВА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПУЛП

Во прва официјална посета на Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, неговата екселенција г. Вилем Ваутер Пломп.

Во изјавата за медиумите градоначалникот Јанчев информираше дека е почестен со посетата на амбасадорот. Притоа посочи дека е разговарано на повеќе теми поврзани со Кавадарци, неговиот стопански, културен и пред се туристички потенција. Во наредниот период ќе треба да се интензивира соработката меѓу холандската амбасад и општината во правец на заеднички иницијативи за културно стопанска соработка.

Амбасадорот Пломп посочи дека Кавадарци е преубав град  кој има природни убавини и потенцијали пред се за развој на винскиот и еко  туризам. Подвлече дека при оваа негова прва официјална посета на општината се интересирај кај домаќинот Јанчев за можностите за соработка и во повеќе други области. Тој смета дека оваа преубава земја Македонија, а посебно Кавадарци имаат природни можности и ресурси во многу области.

ПОВИК И ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2018

ПОВИК И ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2018

Општина Кавадарци ги потсетува граѓаните, даночни обврзници дека во тек е рокот за плаќање на Данокот на имот и  на комуналната такса за истакната фирма.

Општина Кавадарци апелира до даночните обврзици, совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот бидејќи тие пари се користат исклучиво за  граѓаните.

 Тоа се „НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.

 Плаќањето данок на имот е  должност на секој граѓанин но во исто време и придонес на поединецот во иднината на неговата општина. Платете го вашиот данок навреме, нашата Општина Кавадарци ќе ви биде благодарна.

Почитувани граѓани: Со вашите пари ќе добиете  поубави улици, подобро јавно осветлување, место за изградба на фабрики и отворање на нови работни места, поубави и посовремени училишта, гостување на познати уметници, музичари и групи, а пензионерите поубави простори за трошење на слободното време.

Решенијата за  данок на имот за 2018 година навремено се  доставени до граѓаните.

Општината ги потсетува граѓаните и фирмите, со цел навреме да ја подмират оваа нивна законска обврска.

Воедно изразува благодарност за разбирањето и поддршката.

ПРОМОВИРАНИ НОВИ ВОЗИЛА ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

ПРОМОВИРАНИ НОВИ ВОЗИЛА ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

Возниот парк на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е збогатен со нов ровокопач и две нови теренски возила со приколка од марката „Дачиа“. Се работи за возила и машина кои ќе го подобрат работењето на јавното претприајтие.

Денеска на промоцијата и предавањето во функција на новите возила присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев, кој нагласи дека со ова продолжува модернизацијата на „Комуналец“ и додаде: „Ова е трета набавка од годишниот план кој го имаме за ЈП „Комуналец“ направена во делот на нова механизацција обновување на механзиацијата дополнување на дејноста на Комуналец, тука станува збор за две теренски возила со приклучна механизација приколка кои ќе служат во делот на секторите на ЈП на одржување на јавна хигиена и во делот на хидроцентралите. Набавивме и четврти скип односно мини скип кој што ќе биде во делот на водовод, за интервенции при дефекти, како и за други интервенции кои што ги има во делот на редовното работење. Оваа инвестиција како трета фаза од вкупната набавка изнесува околу 80 илјади евра. Во септември ја очекуваме и четвртата фаза завршна да ни стигнат уште две машини тоа ќе биде уште една цистерна за перење на улици и голем кипер со кран во делот на ЈП „Комуналец“, изјави градоначаникот Митко Јанчев кој денеска направи увид во набавката на возилата.

Директорот на јавното претпријатие, Ѓорѓи Поп- Ицов изјави „Не застануваме тука ,како што кажа градоначалникот очекуваме уште две нови машини со што ќе биде заокружена планираната набавка за возила значи за поефикасно и поквалитетно работење на Комуналец. Сега веќе имаме два мали ровокопачи или два мали скипа, во договор со градоначалникот е планирано да се набават и два ножа за снег така да во зимски услови кога ќе има потреба од тоа истите скипови ќе бидат пуштени да го чистат снегот по тротоарите, плоштадот и по сите други јавни површини за кои ќе биде одговорен Комуналец“, вели Ѓорѓи Поп Ицев директор на ЈП КОмуналец Кавадарци и додава дека  , едното теренско возило со приколка ќе биде наменета за потребите на малите хидро централи, а другото за потребите на водовод и канализација.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „ПАРТИЗАНСКА“ КАЈ ПОЛАНАТА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „ПАРТИЗАНСКА“ КАЈ ПОЛАНАТА

Согласно програмата за комунална изградба, општина Кавадарци реализираше проекти за реконструкциа на тротоари на улиците „Партизанска“  и „Лазо Мицев“ кај паркот „Полана“.

Според проектот општината изгради нови тротоари од павер елементи на површина од 480 м2.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ претходно ги изведе подготвителните работи за расчистување и отстранување на оштетениот дел на стариот тротоар по што беа поставени нови бехатон плочки.

За оваа намена согласно програмата од буџетот за комунална изградба општината изввојува 590.000 денари.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци заврши со реализиацијата на проектот за ревитализација на улицата „Брушанска“.

Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асфалтирање на оваа улица со  што жителите на овој дел од градот добија уште една урбанизирана улица како надополнување на веќе реконструираните „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше

Претходно ЈП „Комуналец“ работеше на реконструкција на канализационата мрежа.