Автор: Општина Кавадарци

ГЕРМАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО КОМБЕ ЗА ПРВОЗ НА ИНВАЛИДИ

ГЕРМАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО КОМБЕ ЗА ПРВОЗ НА ИНВАЛИДИ

Во посета на Кавадарци, на средба со градоначалникот м-р. Митко Јанчев, беше амбасадорот на СР Германија во Република Македонија  неговата екселенција г. Томас Герберих. Цел на посетата беше донацијата од амбасадата на Германија за општина Кавадарци на специјализираното возило за превоз на лица со инвалидност.

Во присуство на Михајло Михајлов претседател на Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ Кавадарци донацијата  ја врачи германскиот амбасадор Герберих.

Лицата со телесен инвалидитет од денеска ќе имаат можност за пристап до транспортно возило со чија помош многу посамостојно ќе ги извршуваат своите обврски. За нивните потреби, адаптираното возило ќе им биде на располагање 24 часа, со цел да ги пренесува до одредиштата каде имаат потреба.

Општината Кавадарци ќе ги поднесе сите трошоци за одржување на возилото како и за ангажирањето на возачот. Истото ќе може да се користи со претходно закажување преку телефон.

 Градоначалникот Јанчев се заблагодари за донацијата и нагласи дека ова возило е од големо значење за самостојноста при мобилност на инвалидизираните лица во општина Кавадарци.

 Амбасадорот Герберих нагласи дека комбето е обезбедено со приватна донација во амбасадата, а со истото ќе им овозможат поголема мобилност на лицата кои се ограничени во движењето.

 Михајло Михаилов од здружението „Мобилност“ се заблагодари за донацијата и рече дека ова возило е од голема потреба за сите лица кои се соочуваат со пречки во движењето.

ПОСТАВЕНИ РАБНИЦИТЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

ПОСТАВЕНИ РАБНИЦИТЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

Проектот на општина Кавадарци за ревитализација на атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“ влегува во поодмината фаза од изградбата.

Работниците на „Градба промет“ ги поставија последните рабници од внатрешниот круг со што ја оформија новата контура на атлетската патека околу фудбалскиот терен. Општината овде ќе постави асфалтна подлога, која ќе ја замени досегашната земјена патека. Со асфалтирањето во многу ќе се подобрат перформансите на патеката, со што на многубројните рекреативци општината ќе им создаде подобри услови за спортување и рекреација.

Паралено со градежните работи, општината работеше и на подобрување на јавното осветлување кое набрзо че биде ставено во функција за ноќна рекреација на спортскиот центар „Јасмин“.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ

Општина Кавадарци согласно Програмата за поставување на урбана опрема презеде активности за обновување на 27 автобуски постојки во склоп на јавниот превоз.

Во тек е нивно обновување во соработка со компанијата „Екстра бус“ од Кавадарци. Според новата одлука се врши ребрендирање со префарбување на опремата, како и уредување на просторот околу постојките. Со реализацијата на овој проект ќе се создадат подобри услови за граѓаните кои го користат јавниот градски превоз.

СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА БУЛЕВАР МОША ПИЈАДЕ“

СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА БУЛЕВАР МОША ПИЈАДЕ“

Паралелно со поплочувањето во селата, општината реализира проекти од комуналната изградба и во Урбаните заедници во градот.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на тротоар на дел од булеварот „Моша Пијаде“. Третман на оваа јавна набавка е делницата на тротоарот од спојот со булеварот „Цветан Димов“ до спојот со „Западен булевар“ (нов кружен тек) кај ООУ „Гоце Делчев“.

За поставување на павер елементи на површина од 400м2 општината инвестира 630.000 денари обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.