Автор: Општина Кавадарци

Претставен проект за лица со инвалидност

Претставен проект за лица со инвалидност

Општина Кавадарци беше домаќин на средбата на лица со инвалидност кои во големата сала на советот имаа можност да присуствуваат на претставувањето на проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“.

            Целта на проектот е зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со лица со попреченост во креирање на јавни политики во Општините Кавадарци, Градско и Чашка. Краткорочната цел на проектот е градење на засебни стратегии Локален акционен план за лица со инвалидност од овие општини.

            Пред присутните се обрати градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев кој посочи дека општината безрезервно и со задоволство прифаќа да се вклучи во изработката на Локалниот акционен план за лица со инвалидност. Притоа подвлече дека неговата изработка ќе биде заедничка со сите здруженија од општината кои се опфатено со неговата реализација бидејќи така ќе се лоцираат сите потреби и ќе се изнајдат вистинските решенија.

            Јанчев притоа додаде: „Од самиот почеток дејствуваме во интерес на лицата со инвалидност и попреченост. Досега општината има реализирано повеќе проекти во правец на создавање услови за подобрување на условите на овие лица и нивна поголема вклученост во општеството. Во неколку наврати се доделени електрични колички за инвалиди, изградени пристапни рампи во институциите, лифт за инвалиди во општината како и доделени парични рседства“.

            Во оваа прилика Јанчев го промовираше и проектот со кој општината ќе обезбеди и возило комби за бесплатен превоз на инвалиди и лица со попреченост. Комби возилото со рампа е донација од СР Германија, а ќе биде на располагање на корисниците 15 часа во денот. Трошоците ќе ги обезбедува општина Кавадарци.

Лапли
ОДБЕЛЕЖАНИ 27 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

ОДБЕЛЕЖАНИ 27 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ВОЈНИКОТ ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

Општина Кавадарци во рамките на програмата одбележа 27 години од загинувањето на војникот Петре Тодоровски во немирите во Словенија во виорната 91 година кога се распаѓаше СФР Југославија.

            По тој повод делегација од кабинетот на градоначалникот, од советот на општината како и претставници од сојузот на борци Кавадарци, во присуство на семејството, пред неговиот гроб положија букети свежо цвеќе.

            Кавадарчаните Петре Тодоровски, Сашко Гешовски, Мишко Митрев, пред 27 години во 1991 година кога започна да се распаѓа поранешна Југославија, се најдоа во хаосот, како и многу други, македонски момчиња, чија младост штотуку започнуваше, а згасна прерано.

            Тодоровски беше убиен на стражарското место во касарна во Љубљана.

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА УЛИЦАТА  ДИМЕ ПОП-АТАНАСОВ

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ДИМЕ ПОП-АТАНАСОВ

Програмата  за комунална изградба предвидува и санација со прередување на улици каде бехатон коцките се во употреблива состојба.

Деновиве оперативата на фирмата „Ас машини“ од Кавадарци работи на прередување на павер елементите од улицата „Диме Поп-Атанасов“ на потегот од спојот со ул „Пионерска“ до спојот со ул „Ресавска“ кај првиот Триаголник.

Со прередувањето на павер елементите ќе се санираат вдлабнувањата и испакнатините на улицата на површниа од 530м2.

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПИОНЕРСКА“

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПИОНЕРСКА“

Фирмата „Стентон градба“ од Битола е во завршна фаза на градежните активности за поставување нова атмосферска канализација на улицата „Пионерска“.

Градежните работи се изведуваат на последните 30 метри од целосно новата линија со вкупна должина од 265 метри. Новата линија од атмосферската канализација се гради на потегот од раскрсницата со улицата „Ресавска“  каде се спои со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

Со реализација на овој проект ќе се зафатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот.

Општината Кавадарци го реализира овој проект со цел подобрување на опфатеноста на градот со атмосферска канализација.

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „12 ДРУГАРИ“

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „12 ДРУГАРИ“

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци реализираше уште еден проект од комуналната изградба.

Согласно програмата со павер елементи беше поплочен крак од улицата „12 Другари“. Се работи за површина од 160м2,  веднаш до службените простории на ФК „Габер“ во Ваташа.

Притоа за формирање на контурите на улицата се поставија и ивичници во должина од 30 метри.