Автор: Општина Кавадарци

ОБНОВЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

ОБНОВЕНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СЦ „ЈАСМИН“

Деновиве непречено се одвиваат градежните работи за ревитализација на дел од Спортскиот центар „Јасмин“. Паралелно со градежните работи се врши реконструкција на постојното јавно осветлување за да се подобри видливоста во ноќните часови. На постојните 14 канделабри ќе се постават нови ЛЕД светилки „дво-крака конзола“ со што ќе се подобри осветлувањето.

Поради проширување на атлетската патека на западната страна од теренот се изврши поместување на 4 канделабри за 70 сантиметри кон оградата.

Инаку согласно проектот ќе се изврши ревитализација и подобрување на подземната електрична мрежа, а ќе се постават изводи и за приклучување на дополнителни рефлектори.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИВИЧНИЦИ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА

ПОСТАВУВАЊЕ НА ИВИЧНИЦИ НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА

Градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на обновување на атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“. Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде обградена со нови ивичници во вкупна должина од 845 метри. Во тек е поставувањето на ивичниците кои треба да ја оформат новата контура на атлетската патека. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север за да се оформи патека за трка на 100 метри.

Според проектот постојната земјена подлога ќе биде заменета со асфалт на вкупна површина од 3.150м2.

Инаку Општина Кавадарци во наредниот период планира нови проекти со кои ќе се подобрат условите за рекреација и одмор на најомиленото и најпосетено место од граѓаните рекреативци.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР НАЗОР“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР НАЗОР“

Привршува реализацијата на втората кампања која општина Кавадарци ја спроведува за реконструкција на улици во градот и селото Марена.

Оперативата на фирмата „Изолација“ изведува асфалтирање на дел од улицата „Владимир Назор“ во населбата „Голи Оток“.

Согласно проектот се асфалтира површина од  950м2 за што се предвидени средства во износ од 1.259.000 денари. Парите се обезбедени од буџетото на општината, сметка за комунална изградба.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци го реализира проектот за ревитализација на крак од улицата „Брушанска“. Се работи на поставување нови ивичници, по што ќе следи фаза на тампонирање и асфалтирање.

Според проектот ќе се асфалтира површина од 910м2,

По реализацијата на проектот жителите на овој дел од градот ќе добијат уште една ревитализирана улица како надополнување на веќе реконструираните улици „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.

ОБНОВЕН ВОЗНИОТ ПАРК НА ОПШТИНАТА

ОБНОВЕН ВОЗНИОТ ПАРК НА ОПШТИНАТА

Општина Кавадарци го обнови застарениот возен парк, со отуѓување на возила со минимална старост од 7 и повеќе години, како и за набавка на нови возила.

После спроведена тендарска постапка набавени се три возила:  Фабиа, Рапид и Октавиа од Марката Шкода. Возилата се со бензински и дизел мотори од последната генерација Еко Тек со ниско ниво на загадување и мала потрошувачка на гориво.

 Иницијативата за обновување на возниот парк е на градоначалникот м-р Митко Јанчев кој согласно изборното ветување пред граѓаните, за службени потреби користи сопствено возило, а новите возила ќе бидат на располагање на службите, како и на советот.

Општината исто така набави и три мопеди кои се користат во секојдневното работење на службата „Мој општинар“.

Обновениот возен парк ќе овозможи економичност и заштеда на гориво, поефикасна работа на општинската администрација, како и зголемена безбедност при извршувањето на секојдневните обврски во функција на граѓаните.