Автор: Општина Кавадарци

НОВА АТЛЕТСКА ПАТЕКА И ОБНОВЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СЦ „ЈАСМИН“

НОВА АТЛЕТСКА ПАТЕКА И ОБНОВЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СЦ „ЈАСМИН“

Општина Кавадарци во склоп на Програмата за комунално уредување инвестира и во подобрување на условите за рекреација на граѓаните.

Деновиве започнаа градежните работи за ревитализација дел на Спортскиот центар „Јасмин“. Градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на обновување на атлетската патека. Според проектот постојната земјена подлога ќе биде заменета со асфалт на вкупна површина од 3.150м2. Патеката од внатрешната и надворешната страна ќе биде обградена со нови ивичници во вкупна должина од 845 метри. Воедно на западната страна ќе се изврши проширување на патеката и нејзино продолжување кон север за да се оформи патека за трка на 100 метри.

Паралелно со градежните работи општината ќе изврши и реконструкција на постојното јавно осветлување за да се подобри видливоста во ноќните часови. Затоа на постојните 14 канделабри ќе се постават нови светилки „дво-крака конзола“ со што ќе се подобри осветлувањето. Се работи на ревитализација и на подобрување на електричната мрежа.

Овој проект ќе ја чини општината 2.528.799 денари. Парите се обезбедени од буџетот.

Инаку Општина Кавадарци во наредниот период планира нови проекти со кои ќе се подобрат условите за рекреација и одмор на најомиленото и најпосетено место од граѓаните рекреативци.

ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Општина Кавадарци воведува иновативни решенија за поголема безбедност во сообраќајот.

Специјализирана фирма за  сообраќајни знаци и сигнализација „Виадукт трејд“ од Гостивар постави шест ЛЕД сообраќајни знаци кои известуваат за приближување кон пешачки премин.

Знаците се со стандардна големина каки и флуоресцентните, а се  разликуваат само по тоа што триаголникот во кој е вцртана зебрата и симболот на пешак се обележани со лед светилки.

Општината постави шест вакви знаци долж улицата „Илинденска“ и тоа на споевите со улиците „Партизанска“, со „Максим Горки“ и „Љубашка“, како и на спојот со улица „Охридска“.

За оваа намена општината инвестира 62.000 денари.

Инаку воведувањето на иновативните решенија во регулацијата на сообраќајот низ градските улици ќе биде пракса на општината и во иднина.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци во екот на  градежната сезона паралелно ја реализира програмата како во градот така и во месните заедници на село.

Според програмата за комунална изградба, а согласно договорот за изведување јавна набавка фирмата „Павер трејд“ работи на поплочување на две улици во селото Марена со вкупна површина од 485м2.

Деновиве при крај е поставувањето на павер елементи на улица позади објектот на фирмата „Малерич“ која започнува од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Неготино и води до дворовите на повеќе куќи на жители од село Марена.

Со овој комунален проект општината обезбеди урбанизиран пристап за овие граѓани.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

Комуналната изградба во општината продолжува. Оперативата на изведувачот „Ас Машини“ од Кавадарци привршува со реконструкција на дел од тротоарот на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци.

Со овој проект се ревитализира тротоарот на површина од 450м2 од спојот со улицата „Нов Белград“ во правец кон мостот „Белка“.

Во претходната фаза се постави тампон како подлога за поплочување со павер елементи..

За оваа намена општината инвестира 520.000 денари од буџетот, сметка за комунална изградба.

Конкурс за доделување на награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2018 година

Конкурс за доделување на награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2018 година

По повод “7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци- Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на награда “7 Септември”.

  1. Наградата ” 7 Септември “ на градот Кавадарци се доделува на физнчки и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања : во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот н за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.
  2. На ученнци и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градог Кавадарци.
  3. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
  4. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  5. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица.
  6. Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.
  7. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото,

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број Предлозите и иницијагивите да се достават најдоцна до 20 август 2018 година.

Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во 2 примероци преку пошта или директно во Архива на Локалиата Самоуправа Кавадарци соба број 20.

Информации на телефон 043/416- 130.

Конкурс за доделување на награда „7 Септември“