ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЗАЕДНИЧКИ КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ
Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев оствари средба со Министерот за Транспорт и врски Горан Согарески. Во кабинетото на Јанчев, тие во подолг и сеопфатен разговор дискутираа за неколку важни прашања поврзани со патната инфратстура во и околу градот и Општината, изградба на нова обиколница, изведба на фекална и атмосферска канализација, изведба на мрежа на водоснабдување, како и поврзување на Кавадарци со крак од магистралниот гасовод и за други прашања од интерес на граѓаните. Во рамките на работната средба Јанчев и Сугарески извршиа увид во работите на „Западен булевар“.
Во изјава за медиумите градоначалникот Јанчев истакна: „Заеднички со министерот констатиравме дека имаме доста врзани проекти од капитално инфраструктурно значење, за кои очекувам и се надевам дека ќе се движат во посакуваниот правец. Овие работи се дел од поголемиот проект со кој ќе се доградат 1.200 метри булеварско решение на влезот од Росоман како продолжување на постојниот булевар со 4 ленти, комплетна инфраструктура, осветлување. За ова ќе бидат потрошени околу 60 милиони денари“. Тој посочи дека нареднен проект ќе биде реконструкција на обиколнинцата „Севереен булевар“. Според градоначалникот Јанчев овие два капитални проекти во многу ќе го подобрат вбезбедносниот и визуелниот момент на двата значајни влезови во градот од правец на Скопје преку Росоман и од правец на автопатот преку Неготино.