Автор: Општина Кавадарци

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Градежната оператива на фирмата „Ас Машини“ од Кавадарци работи на поплочување на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа.

Станува збор за проект на општината Кавадарци со кој се полочуваат дополнителни 200м2 од оваа улица во селото. Општината за оваа намена издвојува 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

НОВА МАШИНА РОВОКОПАЧ ВО „КОМУНАЛЕЦ“

НОВА МАШИНА РОВОКОПАЧ ВО „КОМУНАЛЕЦ“

Во кругот на јавното претпријатие „Комуналец“ беше промовиран новиот скип-ровокопач, машина со кој можат да изведуваат неколку операции во градежништвото. Возилото пред јавноста го промовираа градоначалникот м-р Митко Јанчев и Ѓорѓи Поп -Ицов директор на ЈП „Комуналец„.

Во изјава за медиумите градоначалникот Јанчев рече: „Планот се остварува. Јавното претпријатие Комуналец со Локалната самоуправа создавата услови да се намалат трошоците на услугите и изведбените работи, на тој начин   што наместо трети лица (фирми) градежните работи сами ќе ги вршат вработените во „Комуналец“. На тој начин ќе се заштетат и време и пари. Годинава е договорено да се вложат 350 илјади евра за набавка на возила и градежни машини. Ова е првата од нив, а во наредните денови ќе следува достава и на наредните три машини“.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА „12 ДРУГАРИ“ СПОРЕДНА

Реализацијата на програмата за комунално уредување се одвива непрекината. Оперативата на фирмата „АС -машини“ од Кавадарци реализира проект за поплочување на крак од улицата „12 Другари“ непосредно до фудбалското игралиште на  ФК „Габер“.

Се поплочува површина од 200м2, а за оваа намена општината инвестира 315.000 денари.

Парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, сметка од програмата за комунална изградба. Поставувањето на бекатон коцки на оваа споредна улица во должина од 60 метри, општината го изведува како пристап до неколку индивидуални станбени објекти во овој дел на градот.

НОВА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци започна со реализација на комунален проект за изградба на улица во селото Марена. Се работи за урбанизирање на земјена улица лоцирана на излезот од село Марена веднаш до локалниот асфалтен пат за селото Сопот.

Во оваа фаза се изведуваат земјените работи, по што ќе следи тампонирање на вкупна површина од 525м2 од новата улица.

Во завршната фаза истата ќе се асфалтира и спои со локалниот пат кон село Сопот. Со раелизацијата на оваа улица повеќето куќи кои гравитираат во овој дел од Марена повеќе нема да се движат по пепел и кал кон своите домови.

ГРЕБЕЊЕ НА СТАР АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ЈОВАН ПЛАНИНСКИ“

Механизацијата на фирмата „Изолација“ од Скопје започна со реализација на втората кампања за ревитализација на неколку улици во градот.

Работите стартуваа со гребењето на старата и дотраена сфалтна подлога на улицата „Јован Планински“. Овде треба да се отстранат 1.700м2 оштетен асфалт, по што ќе следува поставување на нова асфалтна маса во должина од околу 300 метри.

Овој зафат ќе ја чини општината 1.813.000 денари, а парите се обезбедени од буџетот од сметката за комунална изградба.