Врз основа на член 11-к од Закон за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година, Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година и бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и Правилник за критериуми за селекција на кандидати за унапредување во Територијална противпожарна единица во општина Кавадарци бр.04-321/3 од 14.12.2020 година,
Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
За унапредување на овластено службено лице во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци
Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на овластено службено лице 1 (еден) извршител:
- Командир на Одделение со шифра ПОЖ 02 10 Б04 000 во Територијална Против Пожарна Единица Кавадарци …………….1 извршител;
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со актот за систематизација се:
- за нивото Б4, ниво на квалификациите IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
– најмалку 3 години работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж
-Да има положено возачки испит од “Ц” категорија
-сертификат за пожарникар.