Автор: Општина Кавадарци

НОВ СПОЈ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“. Се работи за крак од улицата со површина од 605 метри квадратни, кој во оваа фаза на изградбата е пробиен со завршени земјани работи и тампониран.

Ќе следува поставување на рабници, па нејзино асфалтирање од страна на изведувачот фирмата „Изолација“ од Скопје“. Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината ќе потроши 1.155.000 денари, средства од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.

ОДБЕЛЕЖАНИ 105 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1913

ОДБЕЛЕЖАНИ 105 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1913

Општина Кавадарци одбележа 105 години од „Тиквешкото востание“. На скромна свеченост во паркот „Полана“ пред споменикот на жртвите,  букети цвеќе положија градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев, членови на советот на општината и претставници на боречката организација.

Со акценти за карактерот и причините за востанието, пред присутните говореше Марија Михова, кустос-историчар од Музеј-галерија Кавадарци.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Јанчев со пиетет говореше за крвавиот настан од 19 јуни 1913 година кога кавадарчани се спротивставија на тиранијата на српската окупаторска власт во втората Балканска војна. Јанчев притоа подвлече: „Овие настани од јуни 1913 година говорат за едно време во кое Тиквешијата пишувала историја.Тиквешкото востание и по 105 години не потсетува дека храброста е непокорна ппред слободата“.

Млади актери читаа извадоци за автентични случувања од книгата „Тиквешкото востание 1913“ од авторот Зоран Тодоровски.

НОВА КАМПАЊА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИ

Општина Кавадарци започна со нова кампања за ревитализација на улици во урбаните и месните заедници.

Според програмата во наредниот период ќе бидат реконструирани улиците: „Струшка“, „Владимир Назор“, „Јован Планински“, „Дисанска“ и една улица во селото Марена.

Оперативата на фирмата „Изолација“ започна со реализација на овој комунален проект со ревитализацијата на целата површина на улицата „Струшка“.

Во првата фаза се врши замена на старите и дотраени ивичници, по што ќе следува гребење на истрошениот и оштетен асфалт, за на крај да се постави нова асфалтна подлога.

Со реконструкцијата ќе се обнови асфалтот на површина од 1340м2 на целата површина на улицата од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со Улицата „Методи Џунов-Џико“.

За оваа намена општината ќе потроши 2.100.000 денари. Парите се од буџетот, сметка за комунална изградба.

ПОСТАВУВАЊЕ ВЕРТИКАЛНА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Екипата на специјализираната фирма „Виа сигнал“ од Скопје работи на поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација на новиот кружен тек на улицата „Блажо Алексов“.

Согласно проектот се поставуваат 20 сообраќајни знаци и 14 столбови. Со нивното поставување новиот кружен тек ќе биде целосно означен со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Во склоп на оваа кампања за ревитрализација и подобрување на сообраќајната сигнализација, општина Кавадарци освен на новиот кружен тек ќе постави знаци и на булеварите „Никола Минчев“ и „Македонија“, а ќе се подобри сообраќајната сигнализација и на неколку улици во градот.

Согласно јавната набавка за оваа намена општината издвојува 221.371 денари, со кои се набавени 84 сообраќајни знаци и 4 сверни огледала.

ОБЈАВА број 2/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

ОБЈАВА број 2/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВА број 2/2018

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 10 К Опитно Поле 3 2013-2018 KO Кавадарци 2, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-141/12 од 21.01.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4, В3, Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

ОБЈАВА број 2/2018