Автор: Општина Кавадарци

Асфалтиран нов дел од улицата „Домовица“

Продолжува интензивната комунална изградба во Кавадарци. Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши целосно асфалтирање на нов дел од улицата „Домовица“ во должина од 100 метри, која се надоврзува на постојниот асвалт. Улицата е со широчина од 5,5 метри.

Претходно градежната механизација на фирмата „Градба промет“ од кавадарци ги изведе земјените работи од подготовката за асвалтирање на овој дел од улицата „Домовица“.

Општината за овој проект намени 897.500 денари, средства обезбедени од буџетот – програма за комунална изградба.

РЕАЛИЗИРНО ЗАПРАШУВАЊТО ПРОТИВ КОМАРЦИ

Екипа на Центарот за јавно здравје и комуналниот инспектор од општина Кавадарци синоќа спроведоа акција за  запрашување против комарци. Запрашувањето се изврши на територијата на град Кавадарци.

Притоа беа опфатени: депонијата „Мелци“, влезовите во градот од правец на Росоман поточно од новиот објект на „Слога“, потоа од Глишиќ и од „Југокомерц“.

Третирање на теренот со соодветен инсектицид беше извршено и низ улиците во Кавадарци, а се запрашуваше и на Моклиште, спомен паркот 12 Младинци и  во  Ваташа.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

Општината Кавадарци со концесионерот за одржување на јавното улично осветлување „Павер трејд“ од Кавадарци работат на оспособување на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

Според проектот за ревитализација извршена е замена на оштетената и украдена подземната нисконапонска инсталација, како и на каблите во канделабрите.             Изведувачот деновиве работеше на замена на светлечките тела со поставување на еколошки ЛЕД светлечки тела со јачина од 30 вати. Во оваа фаза приоритете е да се оспособи осветлувањето на главната патека од влезот во паркот се до спомен костурницата.

Со овој зафат во функција ќе биде ставено и јавното осветлување на „Костурницата“ каде на постојните канделабри за амбиенатлно осветлување ќе се постават 5 рефлектори, а ќе се обноват и светлечките тела на останатите канделабри.

Веднаш по ова во наредната фаза ќе се репарираат и канделабрите во останатите делови од градскиот парк, со што тој ќе биде достапен и побезбеден за граѓаните и во вечерните часови.

Работите од ревитализацијата на јавното осветлување во градскиот парк е во рамките на тековното одржување.

ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Оперативата на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на новиот кружен тек.

Со бели линии се бележани пешачките премини, а со жолти и црни линии рабниците кои го оформуваат кружниот тек. Со тоа заврши уште една фаза од изградбата на кружниот тек кај мостот „Белка“.

Наредната е хортикултурното уредување на зелените површини со кое во целост ќе биде изградено новото сообраќајно решение за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

75 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАЖО ТОДОРОВСКИ-ЧИЧЕТО

75 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАЖО ТОДОРОВСКИ-ЧИЧЕТО

На денешен ден во борба со бугарските војници кај с.Никодин загина зам. командирот на првата чета на одредот „Добри Даскалов“ Блажо Тодоровски-Чичето.

За народен херој Чичето е прогласен на 11.10.1953 година.

Општината Кавадарци во недостиг на спомен обележје, во оваа прилика оддава почит кон ликот и делото на народниот херој Блажо Тодоровски-Чичето.

Воедно општината ја информира јавноста дека во склоп на Програмата за одбележување на годишнини за значајни настани и личности градоначалникот м-р Митко Јанчев покрена постапка за изработка на 4 нови спомен бисти меѓу нив и на народниот херој Блажо Тодоровски-Чичето.

Станува збор за обновување на спомен бистите на 4 првоборци од НОВ, кои пред повеќе години беа украдени, а по нивното обновување од страна на општината истите ќе бидат поставени во „Паркот на Револуцијата“ каде се наоѓаат сите останати спомен бисти на кавадаречките партизани кои го дале својот живот за слободата на Македонија во НОБ 1941-1945 година.