Автор: Општина Кавадарци

ОСВЕТЛЕН НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Комуналниот проект Нов кружен тек, влегува во завршна фаз. Викендов се работеше на поставување на канделабрите и светилките на новиот кружен тек.

Поставени се 4 нови столбови и исто толку ЛЕД светилки. Висината на еден столб е 10 метри, а светилките од најновата генерација на енергетски ефикасни и еколошки светла се со јачина од 150 вати.

Општината за овој проект во делот на електиката инвестира вкупно 178.522 денари.

ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Општина Кавадарци, врз основа на Јавниот Повик за учество во активна мерка ( ОП 2018 Мерка 4.2) – Јавни работи од агенција за вработување на Република Македонија, има потреба од ангажирање општи работници поради што објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК За вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Кавадарци според Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Јавниот повик се објавува поради потребата на општина Кавадарци за ангажирање 12 лица, кои доброволно ќе извршуваат активности во правец на:

–          Оплеменување на зеленилото низ градот,

–          Засадување на нови сандици

–          Подигање на нови зелени површини низ градот

–          Средување на јавните зелени површини низ градот

–          Кастрење на вегетацијата

–          Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта

–          Како и чистење и оддржување на чистотата на повеќе локации

Времетрањето на ангажманот е 22 дена, кое ќе се регулира со склучување на договор за ангажман. На невработените лица ќе им се исплаќа  400 денари по работно ангажирано лице дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболува

На корисниците на парична помош за времетраење на мерката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните лица потребно е да достават – Пријава, коија од лична карта и копија од трансакциона сметка на следната адреса: Општина Кавадарци ул.Плоштад Маршал Тито бб со назнака за јавен повик За пријавување на 12 кандидати-општи работници или директно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20.

Рокот за пријавување е 5 дена од датумот на објавување на јавниот повик на веб страната на општина Кавадарци.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за вработување на Република Македонија и анажираното лице.

Јавен повик

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК

Општина Кавадарци преку оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје започна со асфалтирањето на новиот кружен тек. Во наредните неколку денови на новоформираните кловозни ленти ќе бидат поставени два слоја нов асфалт.

Кружниот тек се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“  со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“. Кружниот тек е побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици по кои се одвива значаен дел од патниот сообраќај во градот, поточно тоа е влезот од правец на Неготино.

Изведувач на земјените работи беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.

Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот.

МОНТИРАН ПРВИОТ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ЗА СМЕТ

Метал Апостолов“ фирмата донатор го монтираше првиот подземен контејнер за смет во општината. Контејнерот со зафатнина од 3м3 е поставен на југо-источната страна од градскиот плоштад, на ќошто од улицата „Благој Крстиќ“.

Подземниот контејнер има три комори. По една посебно за смет од домаќинствата, како и за собирање на отпад за рециклирање, стакло и пластика.

Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата.

Во наредниот период, општината контејнерот пробно ќе го предаде во употреба на граѓаните, а позитивните искуства и резултати ќе влијаат на понатамошното градење на вакви контејнери за смет во градот.

Соопштение – Се забранува сообраќајот кај новиот кружен тек

Општина Кавадрци информира дека во деновите од 01.06.2018 година до 05.06.2018 година, ќе се изведуваат градежни работи (асфалтирање) на новиот кружен тек на спојот од улиците: „Партизанска“ со ул. „Блажо Алексов“ и булевар „Видое Смилевски“.

За таа цел Ве известуваме дека во овој период, наведените делови од споменатите улици ќе бидат целосно затворени за одвивање на сообраќајот.

Ваквиот привремен изменет режим на сообраќај ќе биде ознаачен со соодветна вертикална сообраќајна сигнализација од страна на изведувачот на работите.

Воедно општината ги информира жителите на околните згради и куќи да ги остранат своите возила и друга механизација од наведените улици, како би можела оперативата на фирмата изведувач, асвалтирањето да го изврши непречено и благовремено.