Автор: Општина Кавадарци

ЕКИПАТА ОД ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОБЕДНИК НА ЧЕТВРТИОТ ЕКО КВИЗ

Под покровителство на градоначалникот на општина Кавадарци, „ФЕНИ Индустри“ и Еколошкото друштво „Тисовец“ од село Возарци, денеска во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ се одржа четвртиот „Еко квиз“ натпревар.

Учествуваа екипи од петто одделени од шесте кавадаречки основни училишта. Победник беше екипата на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Кавадарци. Во финалниот круг тие за нијанса беа поуспешни од своите врсници од ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ и го освоиа првото место.

Учениците одговараа на прашања од екологијата, а ги оценуваше стручно жири составено од стручни лица поврзани со екологијата.

Пред натпреварот покровителот, градоначалникот г. Митко Јанчев во изјава за медиумите ја поздрави организацијата на квизот и додаде: „ Ние како општина се стремиме во што подобро имплементирање на екологијата и еколошките стандарди во секојдневниот живот. Од таму организацијата на овој еко квиз во целос ја погоува целта. Учениците од 5 одделение се на вистинскат возраст, и заедно со своите родители ветува создавање на еколошки одговорни личности. Верувам дека заедно со компанијата „ФЕНИ Индустри“ и еколошкото друштво „Тисовец“ ќе ја задржиме традицијат, ќе ја прошириме во повеќе сегменти, а квизот понатаму ќе расне и во регионално натпреварување“.

Во изминатите 4 години низ организацијата на квизот во основните училишта межу учениците од петто одделение поминале над 2000 ученици кои забавувајќи се учеа и за екологијата и основните правила во зажтитата на животната средина.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ИЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Активностите за ревитализација на повеќе улици во Кавадарци продилжуваат. Фирмата „Изолација“ од Скопје која е носител на тендерор од овој проект на општина Кавадарци работат на гребењео асфалт на делница од улицата „Методи Џунов-Џико“.

Согласно проектот, на оваа улица ќе биде реконструирана површина од 2340м2. Откако ќе биде отстранет оштетенит слој, ќе се изврши поставување на нова асфалтна маса во должина од 380 метри .

Реконструкцијата се врши на потегот од спојот со улицата „Браќа Миладинови“ кај Здравствен дом, до спојот со улицата „Елпида Караманди“.

Во сколоп на подготовка на улиците за асфалтирање нареден зафат е гребење на оштетениот асфалт од  улиците „Народен фронт“ и „Браќа Џунови“.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЛАЗО АСИЈАТА“

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Ас Машини“ работи на изградба на улицата „Лазо Асијата“ веднаш до „Турските гробишта“.

На површина од 400м2 односно на две третини од нејзината површина се поставуваат бехатон коцки, додека останатите 200м2 треба да се покријат со бетон.

Согласно проектот, бетонот ќе биде послан на  стрмниот дел на улицата од спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“, додека павер елементите (бехатон коцки) се поставуваат на нејзиниот порамен дел.

Вкупната должина на улицата изнесува околу 200 метри.

Крпење ударни дупки во Сопот и Марена

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ привршува со редовното крпење на ударните дупки. Се работи на санирање на оштетувањата на улиците во селата Сопот и  Марена.

Во селото Марена се интервенираше на површина од 195м2, додека во селото Сопот се „закрпиа“ оштетувања на асфалтот од улиците на површина од 170м2. За крај од оваа кампања за санирање на ударните дупки, механизацијата ќе работи на “крпење“ ударни дупки на површина од 150м2 на неколку улици во градот.

Со оваа кампања на општината се санирани  оштетувања на улиците во Кавадарци и селата на вкупна површина од 800м2.

Акцијата се спроведена на повеќе улици низ градот, со што се „закрпиа“ нај опасните оштетувања пред се на регионалните улици, каде има и најголем интензитет на сообраќај.

Општината за оваа намена инвестира 720.000 денари од буџетот, а по санирањето на оштетувањата на асвалтот од градските како на улиците во неколку села општината создава минимум услови за побезбедно одвивање на сообраќајот.

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев на средба со жителите од Дреново и Возарци

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев на средба со жителите од Дреново и Возарци

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев во рамките на планираните редовни посети на месните и урбаните заедници во општината, вчера доцна попладне беше на средба со раководствата и жителите од МЗ Дреново и МЗ Возарци.

На терен се разгледуваа тековните работи во овие месни заедници. Градоначалникот разговараше и за активностите во иднина и ги слушна потребите и приоритетните работи за овие месни заедници.

На средбата беа присутни и директорот на ЈП Комуналец, служби од секторот за комунална дејност и општинарот од проектот „Мој општинар“ кој е задолжен за овие месни заедници.
Во исто време се разговараше и за планирани проекти за наредната година.

Во наредниот период Градоначалникот г-дин Митко Јанчев ќе оствари средба во сите месни заедници.