ОБЈАВА бр.1/2018 За продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање
Врз основа на член 2 став 1 точка 4 алинеја 2, член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, бр.106/15, бр.153/15, бр.190/16 и бр.21/18), Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18), и Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци објавува:
ОБЈАВА бр.1/2018 За продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (Прва објава)
1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18).
2. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Податоци за возилото | Проценета почетна цена | Банкарска гаранција | Минимален чекор | Час / почеток | |
1 | Моторно возило марка MERCEDES-BENZ E 200 KOMPRESOR– Регистарски број: KA-0001-AB- Прва регистрација: 18.10.2005 година;- Година на производство: 2005
– Вид на возило: M1 PATNICKO – Марка и Тип на мотор: MERCEDES-BENZ E 200 KOMPRESOR; – Број на шасија: WDB2110421A21A882167 – Број на мотор: 27194830960031 – Носивост или број на места: 5 – Сила и зафатнина на мотор: 120KW/1796 cm3; – Врста на гориво: BENZIN – Боја: CRNA/20 |
286.758,00 денари | 5.735,00 денари | Без ограничување | 09:30 часот |
2 | Моторно возило марка AUDI A4– Регистарски број: VЕ-988-KN;- Прва регистрација: 31.10.2003 година;- Година на производство: 1995;
– Вид на возило: PATNICKO; – Марка и Тип: AUDI A4; – Број на шасијата: WAUZZZ8DZTA108455; – Број на мотор: ADP080328; – Места за седење: 5 – Сила и работна зафатнина на моторот: 74KW/ 1596cm3; – Боја: t.crvena 77.
|
86.339,00 денари | 1.727,00 денари | Без ограничување | 10:00 часот |
3 | Моторно возило марка FIAT 323 LINEA – Регистарски број: KA-0638-AB;- Прва регистрација: 17.05.2012 година;- Година на производство: 2011;
– Вид на возило: PATNICKO; – Марка и Тип: FIAT 323 LINEA; – Број на шасија: ZFA32300003124706; – Број на мотор: 3884212; – Mеста за седење: 5; – Сила и работна зафатнина на моторот: 66KW; – Боја: CRVENA MET |
279.726,00 денари | 5.595,00денари | Без ограничување | 10:30 часот |