Автор: Општина Кавадарци

ПОПЛОЧУВАЊЕ ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

Непрекинатата комунална изградба во општина Кавадарци се одвива и во Месните заедници.

Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Павер трејд“ работи на полочување во селото Возарци.

На барање на жителите од селото, општината  излезе во пресрет и како приоритет спроведе проект за поплочување на дел од улица, како и на патека до дворот на училиштето.

Во долниот дел од селото под регионалниот пат кон Прилеп се изврши поплочување на површина од 320м2 како дел од последната селска улица покрај десниот брег на Црна Река.

Со бекатон коцки беа покриени и 40м2, пешачка патека на источната страна од спортскиот терен во дворот на подрачното училиште во селото Возарци.

За реализација на овој проект општината инвестираше парите од сметката на буџетот наменети за комунална изградба.

Известување за исцрпени средства за субвенционирање на велосипеди

Известување за исцрпени средства за субвенционирање на велосипеди

Општина Кавадарци ве известува дека ЈАВЕНИОТ ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година се затвора заради исцрпување на расположливите средства предвидени во Одлуката за определување на максималниот износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипед бр. 08-2175/45 од 24.04.2018 година.

Список на одобрени барања за субвенционирање при купување на велосипед

ДОНАЦИЈА НА ВОЗИЛО ЗА КАВАДАРЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА

При посетата на Полициската станица од општа надлежнност Кавадарци, а во чест на денот на полицијата 7 Мај, градоначалникот м-р Митко Јанчев“ го претстави новото комби возило кое ќе служи за интервенции на кавадаречката полиција.

Возилото е донација од општествено одговорните компании „Кожувчанка“ и „Кав-комерц“ од Кавадарци. При обраќањето градоначалникот Јанчев рече дека со ова возило се подобрува работењето на кавадаречката полиција и додаде „На заедничката средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски договоривме дека ќе обезбедиме едно возило за интервенции за потребите на групата за интервенции при полициската станица Кавадарци. Тоа е ново комби возило обезбедено од „Кожувчанка“ и „Кав комерц“. Односно двете компании го даваат на општината како донација, а општината го донира на полициска станица Кавадарци. Со ова овозможуваме полициската станица да има подобри услови за работа и како град да бидеме на подобро ниво“ рече градоначалникот Јанчев и упати благодарност за донацијата до двете компании.

Благодарност за донацијата искажа и командирот на Полициска станица Кавадарци, Сашко Димовски.

„Ова возило за полициска станица Кавадарци ќе значи можност за побрза интервенција во Кавадарци и Росоман.  Возниот парк сеуште не е доволен за потребите на полицијата, но се стремиме кон подобро. Со ова комби значително ќе се подобрат условите за работа“ рече командирот на кавадаречката полиција Сашко Димовски.

РЕВИТАЛИЗИРАНА УЛИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Во рамките на комуналната изградба општина Кавадарци продолжи со ревитализацијата на повеќе улици во градот.

Механизацијата и работниците од фирмата „Инвест груп“ работеа  на асвалтирање на улицата „Јане Сандански“. Се изврши поставување на нов слој асвалт во должина од 160 метри и тоа од спојот со улицата „Задругарска“ до спојот со улицата „Народен фронт“.

Со овој проект општината им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за санирање на оштетувањта на нивната улица.

АСВАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА ДИМЕ ТУРИМАНЏОВ

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ изврши асвалтирање на крак од улицата „Диме Туриманџов“ на површина од 200 м2.

Со овој зафат општина Кавадарци изврши ревитализација на дел од оваа улица до спојот со улицата „9 Бригада“ кој беше значително оштетен.

Асвалтирањето на шеесетте метри од улицата е во рамките на комуналната изградба, а се финансира од буџетото на општина Кавадарци.