Автор: Општина Кавадарци

АСВАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „ЦРНОРЕЧКА“ – крак

Општина Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Механизацијат на фирмата „Инвест груп“ од Неготино работеше на асвалтирање на крак од улицата „Црноречка“.

Асвалтна маса со дебелина на слојот од 8 сантиметри, беше поставена на должина од 400 метри, врз пртеходно поставениот тампон на улицата која е широка 5,5 метри. Со овој проект се асвалтираше уште еден крак од улицата „Црноречка“.

При изведувањето на работите во увид на терен беше присутен и градоначалникот Митко Јанчев. Тој изрази задоволство од извршената работа.

ОПШТИНАТА ДОНИРАШЕ НОВИ 5 ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ

Општина Кавадарци и годинава од буџетот издвои финансии за набавка на 5 нови автоматизирани колички за лица со попреченост. Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев им ги предадоа  количките во сопственост на идните корисници.

Петмина кавадарчани кои се соочуваат со физички хендикеп ќе можат полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности.

Вредноста на автоматизираните колички е 375.000 денари. Истите се обезбедени во претходна соработка и препорака на  Здружнието „Мобилност“ кое ги има сите податоци за лица со хендикеп.

Градоначалникот Митко Јанчев при предавањето на донацијата нагласи дека општината активно работи и за олеснување на секојдневниот живот на лицата со инвалидитет.

Претседателот на здружението „Мобилност“ од Кавадарци, Михајло Михаилов се заблагодари за донацијата како и за перманентните напори на општината за подобрување на условите за движење во градот на ова категорија наши сограѓани.

Од името на здружението „Мобилност“ Михаилов на градоначалникот Јанчев му предаде благодарница.

ГОЛЕМА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО КАВАДАРЦИ

ГОЛЕМА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО КАВАДАРЦИ

Градоначалникот Митко Јанчев, членови на Советот на општина Кавадарци, вработените во општината и од институциите под надлежност на општината се вклучија во еколошката акција која во саботата на 5 мај се спроведуваше на територијата на општина Кавадараци.

Се чистеше на 15 локации, а за отстранувањето на вреќите со собран отпад, се погрижи Јавното претпријатие „Комуналец“, чии вработени исто така се вклучија во акцијата, заедно со вработени во противпожарната служба, спортската сала „Јасмин“, Домот на културата и градскиот музеј.

„Во Кавадарци подолго време се работи за почист и поубав град. Очигледно е дека општината оди на повисоко ниво во делот на хигиената и во делот на секојдневното функционирање. Заедно со вработените во сите јавни институции што се на општинско ниво, на чело со нивните раководители, организиравме и направивме едно генерално чистење на градот на повеќе јавни површини. Со оваа акција сакаме да ја подигнеме еколошката свест како кај вработените во општината и општинските институции, така и кај целокупното население“ рече градоначалникот Јанчев.
Тој најави дека е можно ваквата акција за чисто Кавадарци да стане пракса која би се практикувала два пати годишно.

Кавадарчани задоволни од поголемата грижа за екологијата во последно време, не го криеја задоволството од една ваква акција, која, како што изјавија некои од нив, дополнително треба да ја подигне еколошката свест во општината.

ПОСТАВУВАЊЕ БЕКАТОН КОЦКИ ВО ДВОРОТ НА НОВИОТ ОБЈЕКТ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

Оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци започна со партерното уредување на дворот од  новата градинката.

Бекатон плочките ќе бидат поставени на поголемиот дел од дворната површина, а на останатиот  простор од  дворот ќе биде извршено хортикултурно уредување обградено со ивичници.

Во овој објект ќе бидат згрижени околу 100 деца од предучилишна возраст, а општината очекува тоа да го ублажи сегашниот недостиг од места во детската градинка.

Општината Кавадарци планира да се изгради нов објкет за згрижување на поголем број деца со што би се решил проблемот на недостиг на места во детската градинак.

Градоначалникот и Општината сериозно работат на проектот нов современ објект на детската градинка.

ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ ЗА АСВАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОМОВИЦА“

Продолжува интензивната комунална изградба во Кавадарци. Градежната механизација на фирмата „Градба промет“ ги изведува земјените работи од подготовката за асвалтирање на дел од улицата „Домовица“.

Во должина од 100 метри се врши формирање на коловозната лента, која се надоврзува на постојниот асвалт.

Улицата е со широчина од 5,5 метри, по што ќе следи поставување на рабници, како и тампонирање. На крајот ќе изврши асвалтирање.

Општината за овој проект има наменето 897.500 денари, средства обезбедени од буџетот – програма за комунална изградба.