Автор: Општина Кавадарци

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“

Општината Кавадарци преку оперативата на фирмата „Инвест груп“ продолжува со проектот за реконструкција на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.

Во оваа фаза се работи на бетонирање со зрматура на делницата од левата страна на улицата во правец од Кавадарци кон Ваташа со вкупна должина од 350 метри. Предвидено е да се изврши поставување на фин бетон на тротоарот од спојот со „Желков дол“ се до платото пред зградите бр 63 пред објектото на МЗ „Слога“.

На овој дел стариот трортоар беше целосно руиниран и небезбеден за нормално движење на пешаците.

Општината со неговата реконструкција ќе создаде услови за побезбедно движење  на граѓаните од Ваташа и Кавадарци кои интензивно го користат овој тротоар.

РАСЧИСТУВАЊЕ ОКОЛУ СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „ЈАСМИН“

Во рамките на  пролетната акција за расчистување, на запуштените површини, општината Кавадарци во соработка со донаторот „Ја-Ми“, деновиве го расчистува просторот околу спортската сала „Јасмин“.

Механизацијата на „Ја-Ми“ 1 багер и 2 камиони, потпомогнати со скипер и работници од ЈП „Комуналец“ работи на очистување на шут, кастрење на  дрва, како и на отстранување на обраснати грмушки и трева.

Се расчистува просторот на јужната и западната страна од фудбалското игралиште, како и површината покрај атлетската патека, каде имаше бујна несредена вегетација.

Општината има за цел овој простор да го уреди и да го култивира, со оглед на тоа дека фудбалскиот терен и атлетската патека се едно од омилените места за рекреација на граѓаните.

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето  на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2018 година бр.08-2175/45 од 24.04.2018 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2018 бр.08-2175/47 од 24.04.2018

 ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година

 

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2018 година.

1.2. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

1.3. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.

1.4. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

Јавен повик

НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ НА ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР

Од 8 мај 2018 година, градскиот  зелен пазар во Кавадарци ќе работи секој ден освен понеделник.

Воведувањето на новиот работен режим на градскиот пазар наместо досегашните три (среда, петок и недела) на шест дена во неделата (вторник-недела) е донесен со одлука на Советот на Општина Кавадарци.

Промена има и во работното време на пазарот кое сега во деновите на работа ќе биде во периодот од 06:00 часот до 16:00 часот.

Советот на Општина Кавадарци ја усвои и одлуката со која се воведува и нов ценовник според кој продавачите ќе плаќаат за користење на тезгите под закуп.

Градскиот зелен пазар е во надлежност на Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци кое ќе треба да го спроведе новиот режим на работа.

Општината со воведувањето на новиот режим за работа очекува порационална искористеност на градскиот пазар пред се во функција на граѓаните кои традиционално свежите земјоделски производи ги купуваат од зелениот пазар.

 

Општина Кавадарци 

кабинет на Градоначалник

М-р Митко Јанчев

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПЕШАЧКИ ОСТРОВИ КАЈ НОВИОТ СЕМАФОР

Оформувањето на новиот семафор како сообраќајно решение на раскрсницата меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“ е во крајна фаза.

Деновиве завршија градежните работи од доградбата на два пешачки острови по средината на булеварот „Никола Минчев“.

Тој дел од  пешачките премини пред поставувањето на семафорот беше на нивото на коловозната лента. Сега таму се вградија рабници кои ќе бидат означени со жолто црни испрекинати линии согласно хоризонталната патна сигнализација.

Во нивниот волумен ќе се постават бекатон коцки кои ќе формираат два нови острови за одмор на пешаците. Согласно режимот на работа на семафорот, пешаците на тоа место го минуваат булеварот на два пати со одмор на средината од улицата.

Островите ќе имаат задача и да го спречат непрописното полукружно свртувања на несовесните возачи.

Општината со овој зафат го подига нивото на безбедност на печаците во сообраќајот на раскрсницата.