ЗАВРШЕНО ПОПЛОЧУВАЊЕТО НА УЛИЦА „ДИСАНСКА“ СПОРЕДНА
Општина Кавадарци успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Деновиве заврши поплочувањето на спореден крак од улицата „Дисанка“ во населбата „Парк“ над Градскиот фудбалски стадион.
На овој простор оперативата на градежната фирма „Инвест груп“ од Неготино постави бекатон коцки на вкупна површина од 550м2, и во должина од 110 метри.
Работите започнаа во месец март, а на крајот од април општината им ја предаде улицата во употреба на жителите од овој дел на градот.