Автор: Општина Кавадарци

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ВАТАША

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ВАТАША

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев на 25 април попладнето престојуваше во посета на селото Ваташа. Јанчев најпрвин имаше работна средба со раководството на Месната заедница Ваташа на која се разговараше за реализираните, тековните и идните проекти кои што општината ги спроведува во оваа месна заедница.

На средбата со раководството градоначалникот ги образложи приоритетите кои треба да се реализираат во престојниот период притоа посочувајќи ги новиот мост на реката Луда Мара потоа за продолжувањето со изградбата на кејот шеталиште, за изградбата на нови улици и санирање на постојната инфраструктура.

Посебен акцент градоначалникот Јанчев стави на идејата за изградба на пешачко рекретаивна патека која би се движела покрај реката од селото Ваташа се до воденицата во месноста Моклиште. За овој проект тој побара поширока кампања и лобирање пред се кај сопствениците на имоти покрај реката каде ќе се проектира патека со широчина од 4 метри. Тој истакна дека за овој проект е потребно големо разбирање особено од ваташани, бидејќи со негова изградба ќе се создатат услови за развој и на туризмот и тоа на еден од најубавите простори во општината.

 Од раководството на МЗ Ваташа, Јанчев побара да ги слушне нивните ставови и предлози околу проектите кои со општината ќе ги реализираат во наредниот период.

Во рамките на средбата градоначалникот ги обиколи и просториите на Спомен домот „12 Скоевци“, каде на самото место се запозна со состојбата во која се наоѓа објектот.

На крајот од престојот во Ваташа градоначалникот на паркингот пред спомен домот имаше средба со жителите од селото, на која ги искажа неговите приоритети во комуналната изградба на Ваташа, а од граѓаните во непосредна средба ги слушна нивните барања, желби, ставови и раамислувања.

Од средбата произлезе идеа за реновирање на Спомен домот и големата сала, како и можноста одбележувањето на јубилејот 75 години од стрелањето на 12 ваташки младинц на 16 јуни да се одржи во Ваташа.

ДОГРАДБА НА ПАРКИНГ ДО УЛИЦАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ започна со расчистување на теренот  помеѓу зградите на булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Опце Николов“. Овде општина Кавадарци планира уредување на овој досега запуштен, узурпиран и деградиран простор.

Деновиве на овој простор ќе следуваат земјани работи со расчистување на теренот каде на постојниот паркинг ќе се интервенира со доградба на дополнителни 570м2 нов асвалтиран паркинг простор.

Потоа општината планира и хортикултурно уредување на постојните тревни површини.

Претходно општината од оваа локација ги отстрани диво поставените лимени гаражи кои го нарушуваа урбаниот простор и беа непријатна глетка за станарите и минувачите.

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА МРЕЖАТА ОД СИСТЕМОТ ЗА ПОЛЕВАЊА ЗАД ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

Водоинсталатерите и оперативата на ЈП „Комуналец“ започнаа со поставувањето на системот за полевања на зелените тревнати површини на просторот зад зградите „Лепотици“.

Овдека општината планира создавање на урбанизирана зелена површина согласно сите стандарди на урбано живеење каде граѓаните би имале убав простор за одмор и рекреација.

Вкупната мрежа со пластични црева, 5 разводни вентили и над 50 распрскувчи за вештачки дожд ќе биде поставена и распоредена на површина од близу 5 000м2.

Со овој зафат  ќе се создадат услови за редовно и непречено одржување на зелените површини каде гравитра поголема популација која живее во  околните згради и индивидуални станбени објекти.

КОСЕЊЕ НА ОБРАСНАТАТА ТРЕВА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

Во корелација со општината и комуналниот инспектор Јавното претпријатие „Комуналец“ со неговата оператива интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот.

Се коси запуштената трева на просторот кај зградите „Кочо Рацин“ и кај станбениот комплекс на улицата „Бел Камен“.

Целата на оваа акција е да се уредат зелените тревни површини согласно стандардите, а воедно и да се оневозможи постоење на простор со обрасната трева и вегетација која би била погодно место за престој на влекачи и глодари кои се потенцијална опасност за месното население кое гравитира околу овие зелени површини.

Косење беше извршено и на тревата на јужната и северната страна кај спортската сала кое го изведоа вработените во ЈП „Јасмин“.

ПРОБИЕНА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ

Во насока на подобрување на комуникацијата по градските улици, општина Кавадарци деновиве презеде активности за пробивање на крак од улицата „Орце Николов“.

Се работи на за проект согласно Деталниот урбанистички план според кој за дооформување на комуникацијата треба да се асвалтира, тампонира и пробие крак од улицата. Работите се изведуваат на дел од улицата кој започнува од спојот со улица „Вељко Влаховиќ“, а завршува повторно со спој на  улицата „Орце Николов“.

На оваа позиција градежната оператива на фирмата „Инвест груп“ во оваа фаза ги привршува земјените работи на трасата во должина од 160 метри, како и на пробивање на спојот на креакот со главниот коловоз на истоимената улица.

Широчината на пробиениот крак изнесува 5,5 метри, каде во наредната фаза ќе следи тампонирање и поставување на рабниците од двете страни на улицата.

Во завршната фаза од реализацијата на овој комунален инфраструктурен проект ќе се изведе асвалтирање.

За оваа намена општината ќе потроши 502.721 денар. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, според програмата за комунална изградба од 2017 година.