ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА СЕВЕРЕН БУЛЕВАР
На иницијатива на општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев, во зедничка донаторска акција неколку водечки кавадаречки фирми превзедоа активности за расчистување на дел просторот околу заобиколницата „Северен булевар“.
Се работи за акција со која на двете страни од „Северн булевар“ до спојот со булеварот „Никола Минчев“ се расчистува теренот од земја наноси и стар шут.
Проектот предвидува расчистување на простор од 4 метри од двете страни на улиците и тоа на ниво на коловозната лента, односно ивичниците.
Во оваа фаза се работи на потегот од „Хотел ФЕНИ“ до спојот со Булеварот „Никола Минчев“ каде се расчистува делот до источниот влез од скали во зградата на граничната полиција „Југ“.
За оваа работа е ангажирана градежната механизација на фирмите:„Ја-Ми“ која учествува соеден багер и три камиони, потоа фирмата „ИГМ Трејд“ со два утоварачи и 10 камиони, како и дел од механизацијата на фирмата „Градба промет“ со еден багер.
Според планот акцијата за расчистување на теренот околу обиколницата треба да продолжи до мостот на реката Луда Мара.