Автор: Општина Кавадарци

ПРОЛЕТНО РАЗУБАВУВАЊЕ НА КАВАДАРЦИ

Организационата единица  паркови и зеленило при Јавното претпријатие „Комуналец“ работи на хортикултурно уредување на дел од зелените површини во Кавадарци.

Во оваа пролетна кампања на разубавување се вклучени три локации: жардинерите пред старата стоковна куќа во центарот, кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во паркот на револуцијата.

ЈП „Комуналец“ на овие три локации ќе засади 2 500 корени на темјанушки (љубичици), кои ќе го култивираат и разубават овој дел на градот.

СЕ ОБНОВУВА УЛИЦАТА „4 ЈУЛИ“

Според програмата за комунална изградба, општина Кавадарци преку фирмата „Инвест груп“ и ЈП„Комуналец“ започна со обновување на улицата „4 Јули“, каде Според проектот за реконструкција се работи на две позиции.

Јавното претпријатие „Комуналец“ најпрвин ќе изврши комплетна замена на старата и дотраена бетонска канализациа со профил фи150мм, со нова ребраста цевка чии профил изнесува фи 250мм.

Ќе бидат обновени вкупно 100 метри должни, со 12 пропратни приклучоци.

По завршувањето на реконструкцијата на канализација, ќе се пристапи кон целосна замена на стариот асвалт.

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ ќе постави нова асвалтна подлога на вкупна површина од 1200м2, со дебелина од 5 сантиметри.

Новиот асвалт ќе се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.

За реновирање на асвалтната подлога општината ќе инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградба.

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛ„ЛАЗО КАЛЕШКОВ“ – СПОРЕДНА

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ деновиве работеше на поставување на тампон на крак од улицата „Лазо Калешков“ веднаш под скалите на крајот од улицата „Охридска“.

Општина Кавадараци согласно програмата за комунална изградба овде ќе постави бекатон коцки на површина од 150м2.

Од оперативниот буџет за оваа намена ќе бидат потрошени 150.000 денари.

ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ НА КРАК ОД ул„ОХРИДСКА“

Општината Кавадарциво рамките на комуналната изградба, реализира проектзапоставување на бекатон коцки на крак од улицата „Охридска“веднаш пред саклитанаспојот со улицата„Лазо Калешков“.

Се работи за површина од вкупно 70м2 на која фирмата „Павер трејд“ веќе го постави тампонот.

На оваа површина ќе бидат наредени бекатон коцки, а вкупната инвестицијаизнесува100.000 денари.

Парите се обезбедени од буџетото на општината од сметката за комунална изградба.

Опомена за неплатен данок на имот

Опомена за неплатен данок на имот

Почитувани,

 

Врз основа на податоците од книговодствената евиденција на Општина Кавадарци, на име данок на имот за недвижности не сте извршиле уплата во периодот од   2010 -2017 година.

Врз основа на нашите податоци вкупниот заостанат долг кон Општина Кавадарци изнесува _________.

Доколку не сте во можност да го исплатите долгот во целост, Општина Кавадарци ви нуди можност да дојдете во просториите на Општината, соба бр. 2, заради склучување на Договор за плаќање на рати.

 

Со почит,

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Сектор за финансии и буџет

Одделение за администрирање на даноци

 

Опомена за неплатен данок на имот