Автор: Општина Кавадарци

НОВ КРУЖЕН ТЕК КАЈ МОСТОТ НА УЛИЦАТА „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

Општина Кавадарци стартуваше со реализација напроектот „нов кружен тек“ на улицата „Блажо Алексов“ на спојот соБулевар „Видое Смилевски“.

Фирмата „Градба промет“ со својата оператива деновиве работи на подготовка на теренот каде требе да се изгради побезбедно сообраќајно решениеза овие фрекфентни улици во кои се приклучува значаендел од патниот сообраќајво градот, поточно влезот одправец на Неготино.

На сегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Проектот предвидува на овој потег вадење на стариот асвалт, спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а потоа  два слоја на нов асвалт.

Со ова сновосообраќајно решение ќе се создададт услови за оптимална безбедност на возилата и пешаците воовој дел од градот.

ИВИЧНИЦИ И ТАМПОН НА ул „ДИСАНСКА“ -СПОРЕДНА

Продолжија работите на изградбата на крак од улицата „Дисанска“ над градскиот стадион. Оперативата на неготинската фирма „Инвест груп“ денеска и вчера работеше на тампонирање, како и на поставување на ивичници низ целата должина на улицата. Со ова практично се оформи подлогата на која деновиве ќе следи поставувањето на бекатон коцките на 110 метри должина и вкупна површина од 550м2. Со овој зафат општината ќе им овозможи урбанизиран пристап на жителите од повеќето куќи од овој дел на населбата „Парк“.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „СТРАШО ПИНЏУР“

Продолжуваат работите на реконструкцијата на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.

                Градежната оператива на фирма „Урбан инвест“ од Кавадарци деновиве врши вадење на старите и поставување на нови ивичници на делницата од тротоарот кај „Ваташките згради“ во должина од 120 метри.

                Со ова се подготвува теренот за поставување на павер елемнти како дел од проектот на општината за реконструкција на постојниот руиниран тротоар.

               Во последната фаза ќе следи поставување на метални столбчиња кои ќе постават граница меѓу коловозната лента и тротоарот, а ќе го спречати непрописното паркирање, како заштита за непречено одвивање на сообраќајот на возилата и пешаците.

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ од Неготино ги реализира завршните работи од изградбата на тротоарот од десната страна на улицата „Рајко Жинзифов“.

Се работи на последните 30 должни метри каде денеска се поставуваа ивичниците и се подготвуваше теренот за наредната фаза поплочување.

Согласно проектото на тој дел кој сенаожа веднаш под детскиот забавен парк ќе се поставата бекатон коцки на површина од 60м2. Тротоарот на овој дел ќе биде широк 2 метри.

Со овој зафат општина Кавадарци ќе овозможи побезбедно движење на пешаците, како и поубав  и урбанизиран изглед на овој дел од градот.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ КАЈ ЗГРАДИТЕ „СИЛЕКС“

Оперативата на ЈП„Комуналец“ ги продолжи работите на хортикултурното уредување на просторот за зеленило кај зградите „Силекс“.

На површина од околу 6 000м2 пред и зад зградите се превзедоа низа операции за подготовкана земјиштето.б

Најпрвиннаеден сектор пред зградитеб еше изввршено нивелирање на теренот при што се исфрлиа одредени количинина земја. Потоа се направи копање и фризирање на на целата површина, на која според проектото ќе бидат посеани 100 килограми семе од квалитетна трева.

Комуналци на делот пред зградите поставиа и водоводна мрежа со петхидранти.

Инакупаралелно со земјените работи беше извршено слектирање на старите дрвја како и ресорекција на останатите.

Работите на овој делтреба да завршат утре. Со овојзафат општината ќе изврши хортикултурно уредување на просторот кој треба да добие нов лик и да бидеукрасна овојделод градот.