Автор: Општина Кавадарци

ПОДЛОГА ЗА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ од Кавадарци работи на  изготвување подлога на дел од тротоарот на улицата „Ѓоре Брушански“ каде согласно програмата за комунална изградба на општина Кавадарци треба да се  постават бекатон коцки.

Станува збор за зафат  на површина од 370м2, за што општината ќе инвестира 450.000 денари пари од сметката за комунална изградба.

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА ПОПЛОЧУВАЊЕ НА СПОРЕДНА УЛИЦА НА „ДИСАНСКА“

Во рамките на комуналната изградба во месец март, општина Кавадарци согласно програмата деновиве се работи на извршување на земјани работи на спореден крак на улицата „Дисанска“.

Станува збор подготовка на подлогата на крак од оваа улица веднаш над „Градскиот фудбалски стадион“. Се работи за должина од нешто повеќе од 100 метри. На тој простор  оперативата на градежната фирма „Инвест груп“  од Неготино за потребите на општина Кавадарци ќе постави бекатон коцки.

Проектот е согласно  активностите за комунална изградба.

ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ ХОРТИКУЛТУРНО ЌЕ ГО УРЕДИ ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

Општина Кавадарци преку Јавното претпријатие „Комуналец“ деновиве  врши подготовка на счободните површиниво просторот зад  зградите „Лепотици“.

На овој терен се предвидувацелосно чортикултурно уредување со тревнати површини и садење на украсни дрва и грмушки.

Сотоа ќе се заокружи уредувањетона овој простор, одкадеопштината претходно ги отстрани металните гаражи, потоаизгради спортски терен, детски забавен парк, летниковец и патеки со павер елементи. Овој простор  беше осветлени и со ЛЕД светилки на напојување преку  фото  волтаици.

Со хортикулрурното уредување ќе биде заокружена инвестицијата за разубавување на овој дел од новиот центарна Кавадарци.

СООПШТЕНИЕ за собир на граѓани во месните и урбани заедници на територијата на Општина Кавадарци

СООПШТЕНИЕ за собир на граѓани во месните и урбани заедници на територијата на Општина Кавадарци

Општина Кавадарци донесе Одлука за распишување на избор на членови на Советот на месните и урбаните заедници на територијата на Општина Кавадарци.

Поради транспаретност на постапката за избор на членови се известуваат граѓаните за времето и местото на одржување на собирите и тоа со следниот распоред,

19.03.2018 (понеделник) со почеток во 17 часот избори во урбаната заедница Киро Крстев , со место на одржување ООУ “Димката А.Габерот “Кавадарци

19.03.2018 (понеделник) со почеток во 19 часот избори во урбаната заедница Браќа Џунови , со место на одржување ООУ “Димката А.Габерот “Кавадарци.

20.03.2018 (вторник) со почеток во 17 часот избори во урбаната заедница Задругар , со место на одржување во просториите на Новата Аптека на ул.Тиквешко востание.

20.03.2018 (вторник) со почеток во 19 часот избори во урбаната заедница Браќа Досеви , со место на одржување во просториите на Новата Аптека на ул.Тиквешко востание .

21.03.2018 (среда) со почеток во 17 часот избори во урбаната заедница Кула , со место на одржување во просториите на старото Музичко училиште (АФПЗРР)

21.03.2018 (среда) со почеток во 19 часот избори во урбаната заедница Страшо Пинџур , со место на одржување во просториите на ООУ Страшо Пинџур Кавадарци.

23.03.2018 (петок) со почеток во 17 часот избори во урбаната заедница Слога  , со место на одржување во просториите на месна канцеларија “Слога “

23.03.2018 (петок) со почеток во 19 часот избори во урбаната заедница Љубаш , со место на одржување во просториите на ООУ Гоце Делчев.

26.03.2018 (понеделник) со почеток во 17 часот избори во месната заедница Ваташа , со место на одржување во просториите на ООУ Димката А.Габерот с.Ваташа.

26.03.2018 (понеделник) со почеток во 19 часот избори во месната заедница Глишиќ , со место на одржување во просториите на новото училиште.

27.03.2018 (вторник) со почеток во 17 часот избори во месната заедница Марена , со место на одржување во просториите на училиштетео во с.Марена

27.03.2018 (вторник) со почеток во 19 часот избори во месната заедница Сопот , со место на одржување во просториите на Домот во с.Сопот

28.03.2018 (среда) со почеток во 17 часот избори во месната заедница Возарци , со место на одржување во просториите на училиштетео во с.Возарци

28.03.2018 (среда) со почеток во 19 часот избори во месната заедница Дреново , со место на одржување во просториите на училиштетео во с.Дреново

29.03.2018(четврток) со почеток во 17 часот избори во месната заедница Ресава , со место на одржување во просториите на м.зРесава

29.03.2018(четврток) со почеток во 19 часот избори во месната заедница Бегниште , со место на одржување во просториите училиштетео во с.Бегниште.

Во врска со помалите рурални месни заедници изборите ке бидат одржани во просториите на Големата сала на Општина Кавадарци со следниот распоред

21.03.2018 година (среда ) 

10:30   МЗ Дабниште

11:00   МЗ Раец

11:30    МЗ Страгово

12:00    МЗ Драгожел

12:30    МЗ Галишта

13:00    МЗ Г.Бошава

13:30     МЗ Д.Бошава

14:00     МЗ Радња  

23.03.2018 година (петок ) 

10:30   МЗ Бојанчиште

11:00   МЗ Брушани

11:30    МЗ Мајден

12:00    МЗ Чемерско

12:30    МЗ Крњево

13:00    МЗ Конопиште

13:30     МЗ Бохула

14:00     МЗ Гарниково

14:30     МЗ Бунарче

27.03.2018 година (среда ) 

10:30   МЗ Фариш

11:00   МЗ Ќесендре

11:30    МЗ Мрежичко

12:00    МЗ Шешково

12:30    МЗ Клиново

13:00    МЗ Рожден

13:30     МЗ Шивец

14:00     МЗ Куманичево

 Комисија за месна самоуправа

Претседател

Јосиф Стојанов