Автор: Општина Кавадарци

ПОСТАВЕНИ СВЕТЛЕЧКИТЕ УРЕДИ НА СЕМАФОРОТ НА РАСКРСНИЦАТА КАЈ БУЛЕВАРИТЕ „НИКОЛА МИНЧЕВ“ И „МАКЕДОНИЈА“

Општина Кавадарци го привршува проектот за ново сеамфорско регулирање на сообраќајот..

Станува збор за подобрување на безбедноста на сообраќајот на раскрсницата  меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Електро Софт инженеринг“ ДОО од Скопје. Нејзина екипа денеска работеше на поставувањето на столбовите и светлечките уреди. Согласно проектот  беа поставени вкупно 10 столбови од кои 6 за возачи, 12 за пешаци и 4  одбројувачи на време.

Вкупната инвестиција чини  1.500.000 денари со ДДВ.

Ова  ќе биде шестата раскрсница во Кавадрци  каде сообраќајот ќе се регулира со семафор.

Општината очекува со оварешение во голема мерка да се обезбеди побезбедно регулирање и одвивање на сообраќајот низ градските улици.

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕТОК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА  30 СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ  НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕТОК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА 30 СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Согласно член 20,член 21 и член 22 т 7од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 9 од Статутот на Фондацијата за социјална , здравствена  и културна подршка на граѓаните на Општина Кавадарци ( Сл.гласник бр.34/2011и 25/2014 ) и член 8 глава 3   од Правилникот на Фондацијата за социјална, здравствена и културна подршка на граѓаните на Општина Кавадарци “Кавадаречка Фондација“, Одборот на Фондацијата распишува

 КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕТОК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА  30 СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ  НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Право на доделување на средства за кофинансирање имаат 30 студенти запишани на додипломски студии во јавните високообразовни установи во Република Македонија со седиште во Општина Кавадарци кои ги исполнуваат следниве услови :

1.Да е редовен студент од 1-ва , 2-ра,3-та и 4-та година во студиската 2017/2018 година

2.Студентите од 2-ра, 3-та и 4-та година да ги имаат положено предвидените испити за студиската 2016/2017 година,

3.Студентот да не е вработен

4.Да постои социјална оправданост за барањето  на финансиски средства за кофинансирање

5.Студентот да е жител на Општина Кавадарци

6.Студентот што е примател на помош за партиципација за упис на година од страна на Локална Самоуправа , да достави потврда дека е редовен студенти неповторувал година од последното примање на средства од Буџетот на Општина Кавадарци.

Потребни документи за учество на Конкурсот

1.Барање од студентот

2.Индекс на увид

3.Потврда за запишан семестар за студиската 2017/2018година (за студентите од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година )

4.Уверение од Управата за приходи на општината за материјалната положба на родителот старател и материјалната положба на кандидатот(ако е во брак Уверение за брачниот другар)

Потврди од останатите членови на семејството за статусот (невработени-потврда од агенција за вработување, ученици и студенти потврда од училиштето т.е.факултетот)

Корисниците на социјална помош да достават Решение од Центарот за социјални работи

5.Копија од лична карта или пасош

6.Трансакциона сметка на студентот и телефон за контакт

 

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ И ДРЖАВНИОТ ВРВ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРАЗНИКОТ НА ЛОЗАРИТЕ СВЕТИ ТРИФУН

 Во чест на празникот на лозарите Свети „Трифун“ Општина Кавадарци денеска беше домаќин на шефот на државата, Ѓорге Иванов на премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и на неколку амбасадори.

Пред општинската зграда премиерот и претседателот беа пречекани од домаќинот, градоначалникот Митко Јанчев. Потоа присуствуваа на свечен прием по повод празникот во општинската сала каде градоначалникот Јанчев ги запозна првите луѓе во државата со работењето на општина Кавадарци. Јанчев зборуваше и за идните проекти кои треба да се реализираат. Градоначалникот Јанчев ја нагласи успешната соработка со советот на општината вклучително со сите политички субјекти во него, посочувајќи го како единствен успешен пример во Македонија, со цел делување во полза на граѓаните и локалната заедница..

Високите гости на плоштадот во Кавадарци ја имаа можноста да прошетаат и по штандовите на винариите како и на малиите локални производители и да ги дегустираат кавадаречките вина и производи од грозје.

 Денеска симболично се закрои виновата лоза, Со молитва до Свети Трифун упатена од неговото преосвештенство митрополитот Повардарски г. Агатангел кој чиноначалствуваше во сослужение со свештеници од Кавадарци.

Чинот на закројување на импровизиран лозов насад на градскиот плоштад го извршија: претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, градоначалникот Митко Јанчев, Митрополитот на Повардарската Епархија г.Агатангел и пратеникот Панчо Миниов.

Како што налага традицијата, на симболичното закројување претходеше литургија со која чиноначалствуваше повардарскиот митрополит, лозата се поеа со вино. Беше упатена едногласна порака и молитва, лозјата да родат квалитетно гројзе, родот да се плати, а Свети Трифун да ги штити лозјата од болести и штетници.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев им го честита празникот на лозарите и винарите и посака бериќетна година за сите. „Денеска е голем празник за Кавадарци“. Празникот Свети Трифун е заштитник на виновата лоза. Празникот е еден убав дел од нашето минато и треба да биде убав дел од нашата иднина. Овој Свети Трифун нека биде почеток на една нова ситуација во лозарството за едни нови стандарди. Винарските визби да бидат тие кои ќе прават добро вино, лозарите добро грозје, а државата да биде таа која ќе не заштити заедно со општината родот на грозје да се плаќа на време. Како градоначалник и лозаро производител да ви кажам дека ми е чест и задоволство една ваква убава општина со убав народ да ја закроиме оваа лоза и да покажеме дека ќе имаме бериќетна година“ рече Јанчев.

 Пред кавадарчани шефот на државата Иванов порача „На лозарите и винарите во духот на нашата традиција да посакаме Свети Трифун да им донесе многу бериќет, а на винарите квалитет. Годината да биде родна и благородна. Годината да биде успешна не само за лозарите и винарите туку и за сите нас. Посакувам годината да донесе и многу вино кое ќе ни биде секој пат при рака кога треба да одбележуваме настани и да се радуваме на животот“.

Пред крајот на посетата градоначалникот Јанчев и претседателот Иванов го посетија Музејот на вкусовите, каде имаа можност да се запознаат со традицијата и дел од археолошко, историското и културно наследство на Кавадарци. Претседателот Иванов остави свој белег и во книгата на впечатоците после обиколката на музејските поставки

Прослвата на Свети Трифун продолжува и вечерва во Кавадарци. За кавадарчани целовечерен концерт ќе има Владо Јаневски, а пред полноќ ќе следи настап и ди-џеи.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОТ „СЛОГА“

Фирмата „Метал Апостолов“ интензивно работи на проектот реконструкција на ограда и пешачки патеки на мостот „Слога“ кој ги спојува улиците „Димче Мирчев“ и „Слога“.

Станува збор за проект на Општина Кавадарци со кој целосно ќе се обнови старата ограда, како и пешачките патеки од двете страни на мостот. Овој зафат се реализира согласно програмата за комуналчна изградба 2017 година. За негова реализација ќе се потошат 700.000 денари од оперативниот буџет на општината.

Реконструкцијата на мостот по кој се одвива интензивен  автомобилски и пешачки сообраќај освен што ќе го подобри визуелниот впечаток за овој мост, пред се, многу ќе придонесе за побезбедно движење на пешаците.

ПОСТАВЕН ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА УЛИЦА „ШИШКА’

Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци го реализираше проектот  „Пешачки мост на улицата „Шишка“.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.

Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно  со скалите кај основниот суд.

Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, долг е  21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.

Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на  жителите. За неговата изградба се наменети 700.000 денари.