Автор: Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2017 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2017 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на прграми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци” бр.13/2014) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК бр.1/201за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Јавен повик

КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Новиот состав на Советото на Општина Кавадарци на 13 ноември ја одржа првата седница на која се работеше по точки од дневниот ред согласно деловникот за формирање на работните тела и органите на Советот на Општината. Конститутивната седница ја отвори претседателката на претходниот состав на советот Горица Пеливнова-Вилхелм, по што оваа должност ја превзеде Мирјана Гркова како највозрасна меѓу советниците.

Василка Дрварова од СДСМ,  беше избрана за претседател на верификационата комисија која имаше задача да ги утврдени мандатите на новоизбраните членови на советот на општината за периодот 2017-2021 година.,

Откако се констатираа мандатите на новоизбраните 19 членови на општинскиот совет, тиа ја дадоа свечената изјава во која меѓу другото се обврзаа  дека ќе работат во согласност со уставот и законите на Република Македонија.

На првата седница  во новиот состав, советот за претседател на Комисијата за мандатни прашања и именувања ја избра д-р Виолета Димитрова од советничката група на  СДСМ.

Изботор на претседател на Општинскиот совет се одвиваше во два круга. Од страна на советниците за претседател на советот беа предложени Ристо Сакалиев од советничката група на СДСМ, а Горица Пеливанова-Вилхелм од ВМРО-ДПМНЕ. При првото гласање Сакалиев и Пеливанова-Вилхелм имаа ист број на гласови, односно резултатот од гласањето беше 9:9.

Согласно деловникот за работа веднаш се пристапи кон повторено гласање при што резултатот од гласањето беше 9:8 во корист на Ристо Сакалиев после што се констатира дека со одлука на мнозинството советницие избранпретседател на советото на општина Кавадарци.

Веднаш по изборот новиот претседател вети дека ќе работел чесно и одговорно во интерес на сите граѓани.

На изборот на Сакалиев за претседател на советот му честиташе градоначалникот Митко Јанчев кој посака успешна соработка со советот.

 

МИТКО ЈАНЧЕВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

МИТКО ЈАНЧЕВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

Градоначалничката функција во општина Кавадарци од денеска и официјално е во рацете на Митко Јанчев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој на гласањето во неделата освои мнозинство гласови на граѓаните.

При чинот на примопредавањето на функцијата претходниот градоначалник Александар Панов на Јанчев му посака успешна работа и соработка со Советот.

Јанчев се заблагодари на сите граѓани кои му дадоа доверба на изборите и порача дека веќе од понеделник и официјално започнува неговото работење.

Мој општинар е проектот со кој ќе стартува мандатот на новиот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев.

На примопредавањето на градоначалничката функција претходеше доделување на уверенијата на градоначалникот и новите советници од претседателот на ОИК Зоран Костов.

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИТКО ЈАНЧЕВ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ КАВАДАРЦИ

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИТКО ЈАНЧЕВ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ КАВАДАРЦИ

На свечен начин во големата сала на оптината Кавадарци, денеска претседетелот на Општинската изборна комисија Кавадарци Зоран  Костов во присуство на составот на ОИК им ги додели уверенијата  за избран Градоначалник и избрани членови на Советот на општина Кавадарци во мандатот 2017-20121 година.

Уверението  за својот прв мандат на местото градоначалник на Кавадарци го прими  Митко Јанчев, кој од денеска ја презеде ова висока функција.

Советот на Општина Кавадарци  ќе го сочинуваат 19 советници. Девет уверенија добија советниците на СДСМ, Осум на ВМРО-ДПМНЕ и по едно советничко место имаат партијата ГРОМ и Независната листа на советници на Ристо Сакалиев.     Претседателот на ОИК Костов истакна дека изборите во Кавадарци поминале во фер и демократска атмосфера без повреди на избирачкото прави, што е плус повеќе за демократскиот капацитет на граѓаните кои учествуваа на овие избори.

Во обраќањето пред новиот состав на Советот на Општината Градоначалникот Јанчев пак изрази спремност да соработува со сите политички чинители во Советот со цел да се реализираат заедничките проекти кои се од интерес на граѓаните.

Носителите на советничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во изјавите за медиумите нагласија дека ќе работат во интерес на сите граѓани. Носителката на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Горица Пеливанова-Вилхелм, рече дека тие како советничка група ќе даваат подршка на сите проекти кои кќ бидат од интерес на граѓаните.

Д-р Виолета Димитрова како носител на Советничката листа на  СДСМ пак изрази спремност како советничка група и партија да соработуваат за доброто и модерно Кавадарци кое ќе биде убаво место за живеење на граѓаните.

ОДБЕЛЕЖАН ЗАВРШЕТОКОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ БИЗНИС ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

ОДБЕЛЕЖАН ЗАВРШЕТОКОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ БИЗНИС ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Во Кавадарци беше промовиран Бизнис информативниот и иновативниот центар кој се наоѓа во централното градско подрачје, на улица 7-ми Септември бр.1 во зградата на  Домот на културата и Библиотека Феткин на 3 спрат, поткровје.

Центарот е изграден и финансиран од програмата за прекугранична соработка IPA 2007-2013, компонента II помеѓу Република Македонија и Република Грција, и националните фондови на земјите учеснички, со цел помагање на развојот на нови бизниси во пограничниот регион и поттикнување на претприемништвото.

Изграден е на површина од скоро 200м2 и располага со следните простории: шест канцеларии опремени со канцелариски мебел и ИТ опрема, две  конференциски сали за опремени за состаноци и презентации, кујна опремена со инвентар и елементи

Канцелариите и опремата се наменети за новите претприемачи, кои ќе отпочнат сопствен бизнис, бесплатно во првите шест месеци како поддршка од општината.

Конференциските сали и опремата може да се користат бесплатно и за потребите на постоечкиот бизнис сектор.

Проектот “Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ акции” е финансиран од програмата за прекугранична соработка IPA 2007-2013, компонента II помеѓу Република Македонија и Република Грција, и националните фондови на земјите учеснички.

Имплементатори на проектот се општина Кавадарци и општина Едеса-Воден од Република Грција, како долгогодишни партнери во реализацијата на проекти од програмата ИПА.

Главната цел на проектот е да ги зајакне инфраструктураните, институционалните и кадровските капацитети за поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион како и да даде: придонес кон локалниот економски развој во Кавадарци и Воден, Поддршка на бизнис секторот, промоција на преприемништвото, придонес кон зајакнувањето на личните капацитети на лицата што сакаат да започнат свој бизнис, Намалување на невработеноста во Кавадарци и Воден, Воспоставување и градење на институционална инфраструктура со изградба на  Бизнис центар.

Заедничките активности од проектот водат кон тоа да се промовираат локалните иницијативи за започнување на сопствен  бизнис преку воспоставување на институционални и интелектуални структури за поддршка на бизнисот и претприемништвото преку воспоставување на линкови од двете страни на границата.

Проектот започна во 2016 година со времетрање од 18 месеци, каде што се спроведоа следните активности во соработка со проектниот партнер: бизнис средби во Кавадарци и Воден со посета на локални компании. Бизнис изложба за промоција на локалните производи од Кавадарци и Воден. Дводневна работилница наменета за учениците од средните школи, на тема како да разработат сопствен бизнис план, како да напишат автобиографија и како да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Работилница за кластерска конкурентост за водење на бизнис Се изработи тројазичен Водич за инвестиции. Се изработија брошури и лифлети со информација за проектните активности

Се изгради Бизнис информативен центар и се опреми со соодветна информатичка и канцелариска опрема.

Ова  е инаку четврти проект кој општина Кавадарци го реализира преку користење на средствата од ИПА 1 програмата на ЕУ.

Општина Кавадарци поради успешната реализација на овие проекти е прогласена и за најуспешна општинаво Македонија кога се работи за користење на ебвропските фондови.