Автор: Општина Кавадарци

Јавен повик за сите СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

Јавен повик за сите СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

Се повикуваат сите СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА КОИ ЖИВЕАТ САМИ, ОДНОСНО СО СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ГРИЖА, ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА НЕГА КАКО И ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПОДДРШКА да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ Грижа за стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид” како крајни корисници на следните услуги:

 –       Елементарна помош и грижа ;

–       Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба;

–       Набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби;

–       Плаќање на месечни сметки за струја, телефон, вода и слично;

–       Заедничко дружење со лицата корисници на проектот

Корисниците поддржани со Програмата Општинско-корисна работа кои ќе бидат избрани се предвидува горенаведените услуги да ги користат во период од шест месеци.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Општина Кавадарци, Центар за социјална работа Кавадарци и Здружение на слепи лица на град Кавадарци во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Повик за корисници
Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

–       млади лица до 29 години со ниски квалификации

–       невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година

–       млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

–       деца без родители и родителска грижа

–       самохрани родители

–       Роми

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

–       Неговател/ка за пружење на елементарна помош и грижа за старите, изнемоштените, инвалидизираните и лицата со оштетен вид која опфаќа: Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба; Набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални  потреби; Плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично; Заедничко дружење со корисниците на проектот

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кавадарци и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кавадарци кај лицето Вишна Ристовска, Претставник на општината за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Велика Мурџевалеска,  Центар за социјлна работа Кавадарци кај лицето Сузана Димкова.

 

 

Отчет за реализираните проекти на градоначалникот на Кавадарци во периодот 2013 – 2017 „ДЕЛА ЗА КАВАДАРЦИ“

Отчет за реализираните проекти на градоначалникот на Кавадарци во периодот 2013 – 2017 „ДЕЛА ЗА КАВАДАРЦИ“

Почитувани,

На крајот од  мандатот, воден од принципот на транспарентност и отчетност, ми третставува чест пред Вас, граѓаните на Општина Кавадарци со слика и збор да ги претставам сите дела за Кавадарци во периодот 2013-2017 год.

Во изминатите 4 години и покрај сериозните тешкотии предизвикани од политичката криза, организираниот атак, опструкциите и заканите на опозицијата – сега централна власт, успеавме да реализираме висок процент од проектите кои што беа наша основна задача и посветеност од почетокот на мандатот.

Упатувам искрена БЛАГОДАРНОСТ мојата фамилија, до граѓаните на Општина Кавадарци, партијата ВМРО-ДПМНЕ, Советото на Општина Кавадарци, локалната администрација, вработените и раководниот и стручен кадар во јавните институции, бизнис секторот и до позитивните критичари, со чија поддршка и помош  реализиравме круцијални проекти кои што во минатото беа мои лични визии, воден од прмисата „Кавадарци,над сите“.

Реализираните проекти што ќе ги видите во оваае електронска презентација, зборуваат за нас, за нашиот однос кон Вас граѓаните и комапниите од нашето Кавадарци.

Ова е нашата политичка борба и метод, како да се стигне до гласот на граѓаните.

Така беше, така и ќе остане!

 

Со почит

Дипл прав.Александар Панов

[pdf issuu_pdf_id=”170825081313-e1b4def7d7414b0eba3edb7688d9e7e3″ width=”640″ height=”480″ layout=”2″ bgcolor=”FFFFFF” allow_full_screen_=”1″ show_flip_buttons=”1″ flip_timelaps=”6000″ ]

Интервију со градоначалникот Александар Панов

Интервију со градоначалникот Александар Панов

Општина Кавадарци ја дели судбината на останатите македонски локални самоуправи кои изминатиот период работеа во услови на изразена политичка криза на државно ниво. Но добар дел од „цехот“ на  таа криза го платиа тие, заради одредби од политичкиот договор. Во такви услови мораа да ја прилагодат работата и да функционираат само во изворните надлежности. Градоначалниците и советите ги извршуваа основните функции, а во другите сегменти од работата општините можеа да ги реализираат само веќе започнатите проекти.

            Во ова издание на весникот реализираме интервију со градоначалникот на Кавадарци г.Александар Панов кој зборува за одразот на политичката криза, за реализираните проекти, како и за актуелната политичка ситуација во Македонија во пресрет на најголемиот национален празник Илинден – 2 Август.

Интервију – градоначалникот Александар Панов