Општина Кавадарци во рамките на проектот ,,Но ГАП,, учествува на меѓународната конференција за општините. Конференцијата се одржува во Валенсија -Шпанија. Во проектот учетвуваат делегации од општини од Словенија, Шпанија, Италија, Литванија, Латвија, Кипар, Бугарија, Србија и Словачка. Кавадарци е единствена општина од Македонија вклучена во овој проект кој е финансиран од Европската унија, програма „Европа за граѓаните”.
На конференцијата се обработуваат следниве теми: Општинските асоциации како модел за одржлив развој, Добри практики и искуства на шпанските општини. Партиципаторната демократија клучен елемент за локалниот еконмски развој. На работилницата ќе се обработи и темат Партиципаторната демократија во европските институции во решавањето на проблемите од областа на социјалната сфера и решаванњето на невработеноста, по што ќе следи Размена на искуствата помеѓу општините учеснички
Проектот започна на 1 јануари 2016 година и ќе трае 2 до 5 години. Мрежата ќе стимулира нови размислување за смислата на Европската унија, со што Европската Партиципаторна демократија ќе се претставува пред граѓаните на идните земји членки.
„Што можат 14 партнери од 9 земји од ЕУ + 3 земјите партнери, Македонија, Србија и Албанија, за да се одговори на потребите на нивните заедници за подобро разбирање на значењето на поимот „Европско граѓанство” и, во исто време, директно да придонесат за изградбата на иднината на ЕУ?, е клучното прашање на оваа работилница.
Одговорот е “Не-ГАП: мрежата на организации и градови која ќе расте преку активно учество”, мрежа на 6 општини, 2 националните асоцијации на општините, 1 Агенцијата за општините и 5 организации на граѓанското општество. Таа е создадена со намера да отвори дискусија околу ЕУ, со што недовербата на граѓаните ќе се претвориво простор за подобро разбирање на ЕУ, нејзините институции и нејзиниот систем на Партиципатиорната демократија. На овој начин тие ќе научат како да се направи нивниот глас да се чуе на европско ниво и како директно да придонесат за иднината на Европа. Што е уште поважно, најдобрите практики на локалните самоуправи со активно учество ќе бидат разменети меѓу партнерите.