Автор: Општина Кавадарци

ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ДОБИ НОВ ПРИЈАТЕЛ ВО ГРАДСКАТА ОПШТИНА ПАНТЕЛЕЈ ОД НИШ – СРБИЈА

ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ДОБИ НОВ ПРИЈАТЕЛ ВО ГРАДСКАТА ОПШТИНА ПАНТЕЛЕЈ ОД НИШ – СРБИЈА

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и градоначалникот на градската општина Пантелеј од Ниш, Братимир Васиљевиќ потпишаа Меморандум за соработка на двете општини. Со чинот на потпишувањето на зедничкиот документ што се случи во рамките на возвратната посета на градоначалникот на Кавадарци на општината Пантелеј, се означи почетокот на нова меѓународна соработка на општината Кавадарци.

По чинот на потпуишувањето на документот за соработка кавадаречкиот градоначалник посочи: „Ова е почеток на мошне значајна соработка на општината Кавадарци со пријателска општина во Србија. Блискоста на двата пријателски народи пред се во менталитетот е основата на која е базира нашата нова соработка. Морам да нагласам дека при ваквите настани на официјализирање на нова соработка мој приоритет секокаш е воспоставувањето на економските врски. Соработката во културата и спортот  секогаш се лесно остварливи, но вистинската соработка е вовоспоставувањето на нови и обновувањето на старите економски врски во економијата. Затоа веќе на наредната средба која ќе се случи мошне бргу главниот збор ќе го имаат бизнисмените преку контакти на Регионалната стопанска комора од Кавадарци и нивните партнери од Ниш Република Србија“.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШКО СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ТИКВЕШКО СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО

Голем број земјоделци од Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија учествуваа во обуката за органско земјоделско производство организирана од Центарот за развој на вардарски плански регион. Предавањата се одрѓаа во големата сала на општина Кавадарци

Обуката е дел од проектот на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, имплементирана од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Проектот е насловен „Поддршка и промоција на препознатливо стопанско туристички настани и мапирање на форми на рурален туризам”.

Целта на оваа обука е да се соберат сите индивидуални земјоделци од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман, кои произведуваат земјоделско  производство и да се запознаат со сите бенефити на самото органско производство. Органското производство е тренд во денешно време. Оваа обука е последна во оваа сесија на обуки кои ги одржува Центарот за развој при Вардарскиот плански регион, откако претходно имавме слична ваква обука наменета за микрорегионот Свети Николе и Лозово, рече во изјава за медиумите,  Снежана Митрова од Вардарски плански регион. Предавач беше агрономот Иван Стојанов.

„Органското производство претставува систем кој го одржува здравјето на почвата, екосистемот и луѓето. Се базира на еколошки процеси, биодиверзитет и производство прилагодено на локалните услови со ограничена употреба на инпути. Органското производство е тренд во светот, а е комбинација на традиција и новитети во науката,  со цел за остварување на заедничка корист и промоција на фер односи и добар квалитет на живот за сите кои се вклучени во овој систем на производство“ рече меѓу другото Стојанов пред земјоделските производители.

 

„КЛАСТЕРСКА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА БИЗНИСИ“

„КЛАСТЕРСКА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА БИЗНИСИ“

Општина Кавадарци вчера организираше работилница на тема „Кластерска конкурентност за бизниси“. Работилницата е дел од  активностите на проектот „Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ Акции“ финансиран од Програмата за прекугранична соработка 2007-2013 на Европската Унија.

Партнери во овој проект се општина Кавадарци од македонска и општина Едеса од грчка страна како земја членка на Европската Унија. На работилницата беа поканети гости од бизнис секторот од Кавадарци како и нивни колеги претставници на бизнис секторот  од Едеса- Република Грција.

Во воведниот дел претставување на проектот „Бизнис информативен центар“ имаа раководителот на Секторот за локален економски развој во општина Кавадарци г. Тодор Ефремов од македонска и Евангелос Кириаку директор бирото за туризам на градот Едеса. Тие преку своите излагања ги запознаа присутните со целите на овој проект кој е значаен за двете општини пред се во приближувањето на економската соработка во која спаѓа и туризмот.

Пред присутните зборуваше и г.Беким Хаџиу раководител на  Секторот за туризам од Министерството за економија во Владата на Република Македонија.

Во работниот дел на средбата најпрвин зборуваше професорката Габриела Ракичевиќ од факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Нејзиното предавање беше на тема „Улогата на менаџментот во организацијата на услужните дејности“. Ана Амбаркова Агент за развој на кластерите имаше излагање на тема „Улогата на кластерите во развојот на конкурентните економии“.

Александар Ристевски претседател на кластерското здружение „Тиквеш“ зборуваше на тема „Искуствата од кластерското здружување“ притоа ставајќи акцент на искуствата од работата на здруженито од Тиквешкиот регион. На иста тема говореше и Сакис Димтсис претставник на општината Едеса при што ги пренесе искуствата од работата на

Кластерските здруженија во Република Грција пред се во развојот на  алтернативниот туризм.

Присутните имаа можност да проследат предавања на теми и искуства од кластерското здружување што ги презентираа експерти од Македонија и Грција.

Крајната цел од вчерашната средба е да се потенцираат придобивките од  клатсерското здружување на бизнис секторотпред се за малите и средни претпријатија. Зајакнувањето на овој принцип на работа  ќе биде од големакорист за сите чинители пред се во секторот туризам.

Работилницата се одржа во просториите на Винарската Визба „Тиквеш“ во Кавадарци.

НАГРАДАТА „МАРИЈА СКЛОДОВСКА-КИРИ“ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ТХТ

НАГРАДАТА „МАРИЈА СКЛОДОВСКА-КИРИ“ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ТХТ

Повеќе од 500 наставници, членови на националните агенции, членови на Европската Комисија и претставници од Министерствата за образование на 41 држава беа присутни на Годишната е-Твининг конференција која се одржа од 27 до 29 октомври во Атина, Грција.

На оваа конференција беа доделени 12 награди во различни категории, а ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ ја доби наградата „Марија Склодовска Кири“ за проектот „Млади научници“. Наградата ја доби наставничката по англиски јазик, Елизабета Филипова, е-Твининг амбасадор во Република Македонија. Во овој проект учествуваа учениците од шесто одделение и наставничките: Елизабета Филипова, Цвета Маркушева, Слободанка Стоева, Елеонора Гурева, Снежана Костова и Славица Јаневска. Оваа награда за прв пат ја добива училиште од Македонија заедно со партнерите кои работеа на заедничкиот проект.

Во овој проект учествуваа училишта од 40 европски држави. Учениците од шесто одделение имаа видео конференции со ученици од сите европски земји и правеа експерименти за да научат за својствата на водата и воздухот. Учениците нацртаа цртежи и напишаа пораки за како да се зачуваат водата и воздухот, ги изложија во ходниците на училиштето и направија видео записи. Видео записите беа објавени на Facebook и учениците ги споделуваа со цел да се прошират нивните пораки.

Конференцијата беше на тема „еТвининг и дигиталното граѓанство“. Имаше предавања за употребата на еТвининг во зголемувањето на можностите на училитата за како да ги подготват учениците за целосното дигитално општество во иднината.

еТвининг е платформа за соработка со наставици од сите европски држави на заеднички проекти со употреба на ИКТ и е под поткровителство на Националната агенција за европско образование и мобилност.