ОБЈАВА број 1/2016 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов организираше прием за дел од членовите на македонската јуниорска карате репрезентација кои на неодамна одржаната Балканијада во Белград ги освоиа златниот во женска и бронзенеиот медал во машка конкуренција.
Станува збор за трофејниот женски ката тим на карате клубот „Урбан Инвест“ во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска. Тие се новите балкански шампиони, откако како македонски репрезентативки на доминантен начин славеа во својата класа на Балканското првенство за наптреварувачи од 11 до 14 години. Покрај „златниот“ женски ката тим, гости на градоначалникот беа и, машките од ката тимот 11/12 години во состав Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев кои го освоија бронзениот медал во малото финале за 3 место на првенството.
Градоначалникот Панов уште еднаш им честиташе на големиот успех, притоа потенцирајќи дека овие млади спортисти на најубав начин возвраќаат за вложените средства како од општината така и од спонзорот.
Тренерот на клубот Ивана Аврамова рече дека оваа генерација од година во година го потврдува својот талент и полека созрева со цел наскоро да биде репрезент на македонскиот карате спорт во светот.
Претставникот на спонзорото „Урбан инвест“, директорот Александар Сеизов подвлеќе дека тие како компанија се горди на каратистите кои со резултатите ги потврдуваат нивните вложувања.
Кавадарци е дел од европските рути и тоа можеби најважната на Балканот. Во рамки на меѓународната конференција „Основање на Итер витис Балкан – Можност за поврзување и економски развој”. Гостите, преставници од сите земји од поранешна Југославија и од Грција го посетија Кавадарци како идно седиште на оваа организација, потоa во Музејот на вкусовите, единствен од таков вид во регионот имаа средба со домаќинот градоначалникот Алчександар Панов, а после целосната посета на постаките во музејот имаа заедничко дружење и запознавање на производно туристичките капацитете на најголемата и една од најстарите винарници – Винарската визба „Тиквеш”.
„Мене ми е посебна чест и задоволство што Кавадарци е дел од европските рути и тоа можеби најважната на Балканот. Тоа што го имаме, со помош на Министерството за култура и Фондацијата „Тиквешки вински пат” се обидуваме да го промовираме, нашата вистина за виното и винската култура и да станеме препознатлив бренд. Ова е одлична можност цела Европа да дознае за нашата вистина“, рече градоначалникот на Кавадарци Акександар Панов.
Задоволство што Кавадарци ќе биде седиште на балканските вински патишта изрази и Виолета Јанкова, директор на „Тиквешки вински пат”.
„Како еден од директорите на винските патишта во Европа, можам да кажам дека успеавме да се избориме да се направат вински патишта како мрежа на Балканот. Со нив ќе се брендираат териториите на Балканот како земји од кои виното и винската култура се прошириле на територијата на Европа, што е малку познато и малку користено во брендирањето на виното и винската култура“ рече Јанкова. Таа нагласи дека има најава од Министерството за култура и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија дека ќе помогнат што поуспешно да се презентира Македонија како подрачје кое има развиен вински туризам, со цел да се привлечат што повеќе туристи кои ќе ги купуваат македонските производи и ќе ја запознаат македонската култура“.
Стефано Домениони, директор на Европскиот институт за културни рути на Советот на Европа истакна дека се одбележува сертификацијата на винската културна рута, како една од културните рути на Советот на Европа. „Тоа е културна рута која сакаме да ја доближиме до европјаните бидејќи вашата убава земја го заслужува тоа,“ нагласи Домениони, кој на крајот од посетата искажа огромна благодарност за г. Јанкова чија упорност доведе до финализација на идејата Кавадарци да стане средиште на Балканскиот вински пат. Гостинот од ЕУ не ги штедеше комплиментите ни кон општината за прекрасниот прием и презентација на можностите кои ги пружи Кавадарци со својата лозаро винарска традиција.
Почитувани Матуранти,
Нека ви е честито матурирањето и со среќа зачекорувањето во полнолетството
Сега, кога влегувате во светот на возрасните, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднички го градиме.
На крстосницата од животот немојте да ги заборавите традиционалните вредности: семејството, културата и добрата воља меѓу луѓето. Тие ве оплеменуваат и ви помагаат многу поуспешно да се справите со предизвиците на животот во кој што зачекорувате.
Младоста е движечката сила на секое општество. Младите се нередната генерација кавадрчани, македонци, промотори на нашиот културен, економски и политички развој. Авангардата и пркосот.
Овие вредности јас Александар Панов и Локалната самоуправа целосно ги почитуваме, а тие се врвен приоритет и во работењето на општина Кавадарци.
Образованието нека ви биде цел. Бидејќи само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на новото време.
Изборот пред кој сте исправени е Ваш и личен.
Појдете по патот на знаењето, бидејќи така ќе си обезбедите моќ и подобар живот. Само добро наобразуван млад човек може многу поуспешно да се вгради себе си во заедничката цел: подобра Македонија и просперитетно Кавадарци.
Но ! секогаш имајте ја на ум девизата „Знаењето е сила,знаењто е моќ”.
Со почит
Дипл.правник Александар Панов
градоначалник