Годишен план за Јавни набавки на општина Кавадарци во 2016 година
СЕМЕЈСТВОТО ПРЕСУДНО ЗА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ
Едукативна работилница на тема „Семејството и правата на детето како клучен фактор во образованието“ беше организирана во салата на Општината на која посетители беа наставници од основните училишта.
Организатори на работилницата беа Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика прима“ и општина Кавадарци. Доцент Д-р Ангел Ристов вели: „Една од најзначајните реформи за воведување и имплементирање на правото на детето за да го каже своето мислење, а обврска на надлежните државни органи е истото да го сослушаат. Семејството се соочува со бројни предизвици како ниту една друга свера од општествениот живот како ниту една друга основна клетка и инститруции не со соочува со бројни проблеми. Особено станува збор за бројот на разведени бракови кој е константно во потраст. Исто така зголемен е бројот на вонбрачно родени деца. Намалувањето на наталитетот е еден од клучните проблеми со кои се соочува секоја европска држава. Тука би го споменале и феноменот на влијанието на семејното насилство кое што негативно влијае на децата. Одтука ова едукација има за цел да ги превенира негативните појави, кои оставаат траорни и драматични последици за развојот на децата, а во насока на доживотно учење на наставниот кадар„наставникот како втор родител“ за да се подготви една здрава иднина на младите кои ќе бидат изградени како самостојни личности. Ваквите едукативни трибини се од големо значење затоа што освен домашното востпитување големо влијание врз децата имаат и просветните работници“ вели Ристов.
Градоначалникот Александар Панов смета дека овие трибини ќе вродат со плод во развојот и оспособувањето на една личност уште од најмала возраст и созадавање на здрави идни поколенија. „Јас пред некое време бев запознат во ваквата тема која ке биде пренесена на професориоте кои директно работат со нашите деца.Не е доволно тоа што локалната самоуправа која заедно со Владата го правиме во делот на инфраструктурата и училиштата.Морам да признаам дека имаме воспитно-образовни установи на високо ниво кое ќе го подобруваме и понатаму и не случајно кредитот од Светска банка го наменивме за образованието. Но тоа не е само доволно. Максимумот е токму во ова, да го продолжиме воспитно-образовниот процес. Децата не се само нивни предмет на интересрање додека се на настава, туку и нивиот приватен живот .Во позадина е она зло што го има РМ, негативниот природен прираст. Тоа преку разни програми на Владата и Локалната Самоуправа се трудиме да го анулираме. Последните години се чувствуваат првите позитивни трендови. Но за да имаме здраво население и младина, не се доволни само овие два процеси.туку и во помагање на децата од ранливите категории.
Зорка В’чкова, инспектор за образование. им се заблагодари на експертите од „Јуридика прима“ кои овозможија да се започне со една тема која го тишти целото општество. „Им благодарам на наставниците за масовноста. Имаме проблеми на теренот, а наште наставници сакаат да се справат со проблемите и се надевам дека ова едукација ќе им доснесе знаења за справување со проблемите“, вели В‘чкова.
На крајот од работилницата, сите учесници добиа серетификати.
Последен ден за барања за легализација РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗА ПРИЕМ НА БАРАЊА ПРОДОЛЖЕНО ВЕЧЕРВА ДО 24:00
Денеска општина Кавадарци на последниот ден за поднесување на барања за легализација на дивоградби го продолжува работното време на службата во Граѓанско информативниот центар. Барања ќе може да се поднесуваат до 24 часот, кога и официјално истекува рокот за аплицирање, иформираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.
Во општина Кавадарци беа примени во работа 7249 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Во моментов во постапка за легализација се 2700 барања. Прекината е постапката за 2939 предмети. За 1610 предмети се донесени правосилни решенија за легализирање на бесправно изградени објекти.
„Откако беше продолжен рокот за доставување на барања, заклучно со денеска примени се 1280 нови барања. Поднесени се и 210 нови барања за утврдување на правен статус на линиски инфраструктурни објекти“ информираат од прес службата на општината.
Имателите на бесправни објекти кои до денот на влегување во сила на овој Закон немаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект,а на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежни и инсталатарски работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина,можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, од денот на влегување во сила на овој закон дo 31 март 2016 година.
Барателите кои ќе достабат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до 31 март 2016 година ,треба да достават геодетски елаборат најдоцна до 31 декември 2017 годинаУште два дена е законскиот рок за поднесување на барање за легализација.Не го пропуштајте рокот искористете ја можноста даго легализирате вашиот објект од 1 ЕВРО по м2.
Презентација на проектот „Купи куќа за млади“ денеска во општина Кавадарци
Општина Кавадарци информира дека денес во 16:00 часот во Големата сала на Општината ќе биде извршена презентација на проектот „Купи куќа за млади“.
По тој повод се покануваат сите заинтересирани млади брачни двојки или поединци на возраст до 35 години да присуствуваат на презентацијата на овој проект на Владата на Република Македонија.
Инаку сите оние кои ќе се вклучат во оваа мерка на Владата преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.
Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како баратели.
Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.
Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа, информираат од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.