Автор: Општина Кавадарци

ЈП Комуналец – Програма 2016 година

ЈП Комуналец – Програма 2016 година

По обезбедувањето на доволни количини на вода за пиење за кавадарчани, ЈП Комуналец е фокусирано на завршување на реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа.

 Советот на општина Кавадарци на последната седница ја усвои програмата по која ќе работи комуналното претпријатие, а во неа се наведува дека биле направени анализи за најкритичните потези од водоводната и канализационата мрежа, на местата каде се бележат најголеми дефекти, места каде има дотраена инсталација и потези каде сеуште има азбестно цементни цевки.

 Со подолготрајна анализа на проблемите кои се појавувале во тековното одржување на водоводната, фекалната и атмосферската канализација било утврдено дека најголема потреба  од реконструкција имало  на фекалната и атмосферската канализација. Почетокот на реконструкцијата, согласно планираното ќе биде  на главните колектори кои во моментот биле во лоша состојба и моемнталните профили немале можност да ги зафатат  сите отпадни води. Станува збор за два колектори кои одат паралелно по реката Луда Мара од почетокот на село Ваташа, до селото Марена.

 На овие потези ќе се изврши реконструкција на мрежата, ќе се променат старите дотрајани цевки и мали профили, а се планира поставување на ревизиони шахти, е предвидено во програмата за работа на ЈП Комуналец, организациона единица, водовод и канализација.

Директорот Илиа Атанасов на седницата на советот информира дека за оваа година е предвидено задолжување со кредит од КФВ банката во висина од 400 илјади евра и грант, неповратни средства од 250 илјади евра од државата. Со овие средства, како што рече Атанасов, ќе се заврши предвидената реконструкција на водоводната, фекалната и дел од атмосферската канализација на потегот од главниот извор од резервоарите, желков дол до градски базен.

 Исто така предвидена е и промена на главен цевковод кој со вода ја снабдува цела средна зона запад, цела индустриска зона и с. Росоман. Како што истакнуваат од Комуналец, моменталната состојба на цевководот била лоша со чести дефекти.

 Годинава ќе се реконструира водоводната, фекалната и атмосферската мрежа и на помали  потези, а ќе се проширувал и СКАДА системот со поставување на нови мерно-регулациони шахти. Исто така планот на Водовод и канализација е да се изграделе две прекидни комори на водоводот за с.Бегниште и с.Сопот поради чести дефекти предизвикани од голем притисок. Во програмата се предвидува и менување на главните вентили на градската дистрибутивна мрежа, одржување на сите шахти, воздушни вентили, пожарни хидранти, и водомери.

 Во 2013 година со одлука на кавадаречкиот совет на ЈП Комуналец му беа предадени за одржување селските водоводи за с. Конопшите, Страгово, Крњево, Д.БОшава, Бојанчиште, Киманичево и Гарниково. Таму се поставени три хлораторни станици, а во функција се две за селата Конопиште, Страгово и Крњево, додека третата е планирано да се стави во функција годинава, велат од водовод и канализација при ЈП Комуналец. Годинава се предвидува да се ангажираат две лица кои редовно ќе бидат присутни во селските населби и ќе вршат контрола на сите водоводни мрежу, ќе вршат санирање на дефекти, ќе остваруваат контакт со потрошувачите и ќе доставуваат фактури за потрошена вода.

Натпревар за најдобра традиционална трпеза

Општина Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ  во рамките на манифестацијата на 07.02.2016 годНЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА Св. ТРИФУН 2016″ го организираат настанот: „Натпревар за најдобра традиционална трпеза“.

Осветени водите на реката Луда Мара во Кавадарци и с.Ваташа

Осветени водите на реката Луда Мара во Кавадарци и с.Ваташа

Централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици во организација на МПЦ-ОА во Кавадарци по семи пат се одржа намосто кај Јаворот. По шест обиди во изминатите години,  седмо скокање по светиот крст беше среќно за шеснаесет годишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци. Тој усепа да го извади светиот крст од водата на реката Луда Мара.

„Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече во изјавата за медиумите Стефан Ѓорѓиев“ .

Ѓорѓиев од локалната самоуправа доби ЛЕД тв приемник, а сите кои скокаа по крстот добија бањарки подарок од општината Кавадарци

Подароците им ги врачи секретарот на општина Кавадарци Ќире Делов кој упати честитки до сите верници по повод празникот Богојавление. „Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе“ рече Делов.

На чинот на осветување на водата во реката Луда Мара и потопување на светиот крст претходеше света литургија во храмот Свети Димитрија, а за прв пат годинава и во новоизградената црква „Света Преподобна Параскева-Петка“. Потоа верниците од двете цркви со литии се упатија кон кејот на реката каде присуствуваа голем број верници.

Богојавление-Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.  Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

 

Голем број верници годинава присуствуваа на богојавленскиот водосвет на водата во брана Моклиште кај Ваташа. Осум момчиња скокнаа по осветениот крст, а меѓу нив најсреќен прв да доплива беше четиринаесет годишниот Јован Гогов. Тој и минатата година ја имаше истата среќа. Им посака здравје и среќа на сите граѓани. „Радосен сум што и годинава успеав да го фатам светиот крст. Ова ми е второ фрлање по крстот и ме послужи среќа. Посакувам здравје и среќа на сите“ рече Гогов.

Од локалната самоуправа Кавадарци за подарок доби телевизор, а подароци доби и од други спонзори на манифестацијата.

Организаторот одлучи награда, рачен часовник да му додели и на Ѓоке Стојанов кој беше втор во пливањето по светиот крст.

Света лутургија претходеше на чинот на потпоување на богојавленскиот крст и во црквата “Св Богородица“ во Ваташа.

 

ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2016

ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2016

Богојавленскиот крст во Кавадарци годинава повторно ќе ги освети водите на реката Луда Мара. Со овој чин симболично свештениците од МПЦ ќе го извршарт светиот чин на крштевањето осветувајќи ги сите водотеци, со што се става крај на таканаречените некрстени денови од Божик до Водици.

Претходно како вовед во чинот на потопувањето на крстот МПЦ во црквите извршува света литургија за Богојавленскиот водосвет. Во Кавадрци за прв пат богослужба за Водици ќе има и во новата црква Св.„ Преподобна Параскева“-Петка. Свештените лица во вторник на 19 јануари ќе имаат свечени литургии во старата црква Св. „Димитрија“ и во новата Св. „Петка“.

Веднаш после литургијата во базенчето на црквата Свети Димитрија ќе се изврши водосвет на водата, а крстот со литија по улиците „Мито Хаџи-Василев  Јасмин“ и „7 Септември“ ќе се упати кон реката Луда Мара.

За прв пат кон мостот кај Јаворот ќе се упати и литиа од новата црква која ќе се движ по улиците од Новата црква Св.Петка по дел на бул „Вељко Влаховиќ“- бул “Никола Минчев“ -Бул.„Македонија“ –ул „Блажо Алексов“ до мостот на ул „7-Септенмври“.

МПЦ-ОА упатува повик до граѓаните во вторник на 19 јануари 2016 година да се приклучат што помасовно на поворката со светиот крст и заедно со свештенстото како што налага редот низ кавадаречките улици да го пренесат светиот крст до водите на реката Луда Мара. Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот.

Традиционално  Богојавленски водосвет ќе се изврши и на Браната „Моклиште, таму крстот ќе се фрла во 12:00 часот.

Џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови

Џаламарите од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови

Со џаламарско оро џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови.  Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава, Дреново и село Сопот.  Таму  традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

Во селото Дреново жителите беа покрај огнот, а џаламарите ги посетуваа куќите на своите соселани. Невестата беше дарувана со пари, останатите од џаламарската дружина добиваа и други подароци, храна и пијалоци. Се верува дека вревата која ја прават со клопотарци ги брка лошите духови од селото.

Во посета на Дреново денеска беше и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. И тој ја даруваше невестата и на сите граѓани им ја честита Православна нова година.

Жителите на село Дреново раскажуваат дека џаламарската традиција во селото е присутна од дамнина. И најстарите жители паметат за овие обичаи, а помладите раскажуваат за василичарската традиција во селото.

Василичарски свечености со џаламари имаше и во селата Бегниште, Ресава и Сопот.