Автор: Општина Кавадарци

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Секоја година во еден од работните објекти на градинката се пали василичарскиот оган околу кој дечињата ги пеат песните преку кој бараат од Василе да се сили здравјето, лозјето и домот. И оваа Василица најмладите од детската градинка Рада Поцева Кавадарци беа доследни и верни на традицијата. Околу оганот во дворот на работниот објект Изворче се радуваа дечињата од средната и големата група. Ги пееја песните си посакуваа убави желби. Радоста со нив и годинава ја сподели градоначалникот Александар Панов придружуван од претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм, советникот Анита Гинова Каракутова и секретарот Ќире Делов. Засладени од скромните подароци од гостите,  денеска тие повторно му се радуваа на василичарскиот оган. Дел од нив целосно препуштени на Василица на себе ги имаа и маските карактеристични за џаламарите, па ја искористија можноста трчајќи оголу оган да ги избркаат и злите духови.

Градоначалникот Александар Панов истакна дека  традицијата на детската градинка на Василица да се собираат околу огнот е вистинскиот начин од најмали нозе децата да се запознаваат со православната христијанска традиција и корените на своите родители и предтци. Општината безрезервно ја поддржува оваа традиција и начинот на воспитување на младите генерации.

За директорката на кавадаречката градинка Снежана Ганчева традициите се дел од навиките на кој децата се учат од мали нозе, а оваа установа 3 местото каде таа се почитуваат и негуваат со години. Не само за Василица градинката е верна на сите православни празници и иницијатор дечињата освен модерните методи на образование да ја следат и древната традиција на македонскиот народ, потенцира Ганчева.

 

СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ДОНАЦИЈА ОД НЕКОЛКУ МАРКЕТИ И ОД ОПШПТИНАТА

СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ДОНАЦИЈА ОД НЕКОЛКУ МАРКЕТИ И ОД ОПШПТИНАТА

Во духот на христијанството и празниците кои се зад нас и кои следуваат , денеска во Спортската сала „Јасмин“ Градоначалникот Александар Панов додели 70 социјални пакети на исто толку повеќе члкени семејства корисници на социјална помош. Списокот беше изготвен од страна на Центарот за социјални работи Кавадарци, а донацијата од прехранбении пакети ја сочинуваа производи што ги подарија маркетите: Мин-екс, Дијана, Тд-Тд и Кит-Го.

Ова е четврти пат како општината и маркетите по повод новогодишните и божиќните празници ја споделуваат хуманоста со социјално загрозените семејства во општината.

Искажувајќи благодарност кон донаторите градоначалникот Панов повика на поголема хуманост Имено и познато е дека, по повод вакви празници, но и во други прилики храната ја фрламе во контејнери. За да го скратиме патот, и наместо во контејнери, сакам да апелирам, храната организирано да ја доставиме до луѓе на кои им е потребна, со посредствие на ЛС или пореку Центарот за социјални работи. На тој начин храната ќе дојде до оние на кои им е потребна, особенио сега во зимските денови. Со тоа барем на ден два би им го разубавиле животот на тие луѓе, вели Панов.

Тој посочи дека паралелно со хуманоста во 2016 општината ќе работи на создавње услови за отворање нови работни места и намалување на бројот на социјалните случаи.

Среќна Нова година и честит Божик – Алерксандар Панов градоначалник

Среќна Нова година и честит Божик – Алерксандар Панов градоначалник

Годината од која ги одбројуваме последните часови ќе ја паметам по две работи: просперитетна Општина во која за првпат од осамостојувањет процентото на невработени падна под триесет насто, но за жал  и по политичката криза која кај мене создаде чувство дека во мојата Македонија постојат сили кои политиката сакаат да ја упразнуваат како вулгарна и гнасна работа“, вели градоначалникот Александар Панов во своето последно обраќање до граѓаните во 2015 година.

„2015 беше година во која сите институции под надлежност на Општината работе без поголеми проблеми и потешкотии. Општината создаде дополнителни услови за нормално и кавлитетно работење на локалната самоуправа, образовните и институциите од културата. Сепак зголемениот број на вработени преку отворањето на нови работни места  во индустријата и другите дејности создаде стотици нови среќни лица на моите сограѓани. Голем дел од нив се вработиа и обезбедуваат основна егзистенција за нивните семејства. Тој факт е непобитен и несоборлив.

Но годината ќе ја помнам и по деградирачките настапи на опозицијата, која во заложништво ја држи Македонија. Се згрозувзм од фактото што одредени сили преку деструктивни методи ја роварат сопствената држава и што се не се прави да се попречува позицијата со цел опозицијата во било каква форма да стигне до позиција на власт, без притоа да се почитува легитимноста на непосредните избори и вољата на народот искажана на изборите. Мојот ангажман во политиката е заснован на девизата: Недостојни луѓе да неможат да ја приграбат власта.Сметам дека во тоа успеав пред се со мојот личен ангажман. Но сега кога гледам какви се мотиви има кај многу други политичари, пред се опозиционери, во нивната гола желба за власт по секоја цена, па макар и на штета на сопствениот народ и држава се згрозувам од газењето прку леѓови во голата желба за власт.

Перцепцијата кај народот за ова е јасна, со потезите на опозицијата ние станавме „дефинирана измеќарска држава“ благодарение на одредени амбиции на политичари. Тој однос кај народото создаде одбојност и омразеност на професијата политичар. А јас не по своја вина и желба станав дел токму од таа професија.

Но таквата слика за политиката, во која јас со мојот однос и ангажман воопшто не припаѓам, посакувам во новата 2016 година чесните политичари да ја избришеме од перцепцијата на народот.

Посакувам во април на мирни, фер и демократски избори да победи демократијата. Јасм можам да потврдам дека ВМРО-ДПМНЕ во циклуси на избори во кој јас партиципирам ниту еднаш не дошоло на власт преку наместени избори. Но можам да потврдам дека во 2004 година на незаконски начин преку фалсификувани избори СДСМ на куцан лист хартија за Листа на советници добиа мнозинство во Советото на Општината и незаконски владееа 4 години во Советот до 2009 година. Тврдам дека електоратото во Кавадарци нема доживеано такво нешто од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Но ваквата перцепција на 2015 година, кај мене неминовно се наметнува поради актуелната криза предизвикана единствено од властољубие на опозиција.

Во оваа прилика сакам да ги убедам граѓаните на Општина Кавадрци дека во наредната 2016 година, ние од локланта власт, максимално со ангажман на локалните институции, ќе се посветиме на локалните проблеми и нивното решавање преку Советот и институцијата градоначалник, на задоволство на сите граѓани во Општината.

Подобрувањето на квалитетот на живеењето во Урбаните и Месните заедници, како и подигањето на нивото на комуналната уреденост, на доградба инфраструктурата, во образованието, културата, спортот и екологијата. Тоа ќе бидат приоритетните проекти во наредната 2016 година, во која ќе го зголемиме ангажирањето за добивање на Европски и странски пари од фондовите на ЕУ од прекуграничната соработка како и на странските пари од УНДП, УСАИД и фондовите на амбасадите на развиените западни земји.

Наредната треба да биде година на поактивно ангажирање на сите полиња со крајна цел подобрување на стандардите и нивото на живеење во општината преку проекти за економски напредок и понатамошно намалување на процентото на невработеност и сиромаштија во Општина Кавафдарци.

„Кавадарци над сите, во среќна и бериќетна нова 2016 година“.

ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА 2016 НА ПЛОШТАДОТ

ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА 2016 НА ПЛОШТАДОТ

Градот е во празнично новогодишно руво. Деновиве на градскиот плоштад се одвиваа активности со кои Општината и основните училиште ја испраќаат 2015 година. Традиционално и годинава ќе има организиран дочек на градскиот плоштад. Новогодишната програма  започнува вечерва од 22:00 часот. Кавадарчани ќе ги забавуваат рекомираниот фолк интерпретатор Блажо Богев, а по него со своја програма ќе настапат поп пеачите Дани  и Влатко Лозаноски. Доаѓањето на новата година ќе биде најавено со спектакуларен огномет, а првата честитка до жителите на општината на полноќ ќе ја испрати градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

На новогодишната забава и претходат и други културни настани,  по повод новогодишните празници. Основните училуишта од градот имаа свои получасовни настапи на градскиот плоштад во терминот од 12 до 13 часоот,  а половина час пред тоа Дедо Марз на учениците од прво до петто одделение им делеше новогодишни пакетчиња подарок од Градоначалникот и Советот на Општината Кавадарци.

Годинава општината издвои 20 илјади евра за новогодишни светлечки украси кои се поставени во центарот на градот,  долж улицата „Илинденска“ и на кружниот тек.

Избрани најдобрите спортисти на Кавадарци за 2015 година

Избрани најдобрите спортисти на Кавадарци за 2015 година

Филип В’чков од клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци е спортист на годината за 2015 година. Почестите на изборот на спортист на годината В’чков ги обезбеди со успешните настапи на балканското првентво во кик бокс од кое се врати со сребрен медал, и деветте медали од државните првенства, од кои 6 златни, 2 сребрени и еден бронзен.

Најдобар млад спортист за 2015 година е Теодора Мицева, која успешната година ја комплетираше со шампионскиот наслов во женски дубл на меѓународниот тениски турнир „Национал Спорт Парк Опен“ во Тирана, Албанија. Најдобра екипа за изминатата година е кошаркарската академија на „Фени Индустри“, наградата за најдобар тренер сосема заслужено заврши кај Ивана Аврамова од карате клубот „Урбан Инвест“, а најдобар спортски работник е Милан Колев. Мики Виденовиќ е најдобар спортски новинар, меѓународниот тенискиот турнир „Црна Река Опен“ е прогласен за настан на годината, додека кошаркарскиот тим при гимназијата „Добри Даскалов“ е прогласен за најдобар училишен колектив. Ванче Шиков е најдобар македонски интернационалец, а посебни признанија за поддршка на кавадаречкиот спорт му беа врачени на градоначалникот Александар Панов, компанијата „Кожувчанка“ и на Петар Ангелов.

Од колективните спортови, за најдобар фудбалер беше прогласен Горан Стојановски, за најдобар ракометар Ѓорѓи Велков, а за најдобар кошаркар Милан Милков.

Наградите и признанијата на најдобрите им ги врачија кавадаречките спортски гордости Петар Ангелов и Ванче Шиков, потоа Борче Ѓорѓиев претседател на Сојузот на спортови на град Кавадарци, Ристо Сакалиев и Зоран Јованчев, советници во Советот на општина Кавадарци.