Започна новогодишното украсување
Денеска Општината Кавадарци започна со новогодишното украсување на централното градско подрачје. Освен градскиот плоштад каде ќе се постави централна елка како, со новогодишни светилки ќе бидат украсени и стариот кружен тек, потоа ул. „Илинденска“ во делот на БИТ зоната. Новогодишни украси ќе се постават и на ул. „Тиквешко Востание“ до првиот триаголник, како и на ул. „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ до спојот со ул „Пано Мударов“. Со новогодишни светлечки украси ќе се уреди и ул „7 Септември“ до мостот кај „Јаворот“.
За оваа намена општината од оперативниот Буџет годинава одвојува 1.200.000 денари. Односно 3 пати повеќе од претходните години кога се инвестираа по 300.000 денари.
Новина е тоа што за разлика од претходните години кога Општината сама набавуваше новогодишни светлечки украси кои потоа неславно завршуваа, оваа година за првпат прку јавна набавка е одбрана фирма од која ќе се изнајмат светлечки украси. Станува збор за специјализираната фирма за вакви работи „Линк Меиа Плус“ од Скопје која има обврска до 10 декември 2015 година да ги украси наведените јавно прометни површни, а во периодот од 20 до 30 јануари 2016 година да ја острани украсната и светлосната декорација.
На овој начин Општината ќе обезбеди украсување и светлосно декорирање на централното градско подрачје и на Плоштадот во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор, а градот во свечено руво ќе ги пречека престојните новогодишни божиќни празници.