Автор: Општина Кавадарци

Општината се враќа на старото работно време

Општината се враќа на старото работно време

Општина Кавадарци-Локална самоуправа ги информира граѓаните дека Со нормализирањето на температурите од 10-ти август 2015 година (понеделник) опшштината се враќа на законски определеното работно време.

Работното време на локалната администрација е во периодот од 8:30 до 16:30 часот секој работен ден.

Заврши четвртиот по ред „Летен камп Михајлово“

Заврши четвртиот по ред „Летен камп Михајлово“

Успешно  заврши четвртиот по ред „Летен камп Михајлово“ кој преку Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на  Кавадарци, во рамките на своите програмски активности го реализира Општина Кавадарци.

Од 29 јули, заклучно со 5 август 2015 година, 19 деца од основните училишта од Општина Кавадарци престојуваа на летен одмор во Михајлово на Кожув Планина.

После успешно организираниот  летен одмор Костадинка Лалкова секретар на Советото за Превенција од малолетничко престапништво во името на организаторот искажа благодарност до правните субјекти кои со своите донации го помогнаа организирањето на кампот.

Годинава донатори беа кавадаречките фирми: „ФЕНИ Индустри“, „Алијанс Уан“, „Кожувчанка“, „Градба промет“, „Урбан Инвест“, „Јан Бор“ и канцеларијата на „Извршител Љупчо Јованов“.

Традиционално и овојпат Општината финансираше престој за пет деца со што се оствари главната цел на кампот,  да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности  и,  да ги тргне од можниот ризик и лошо поведение, а воедно да ги награди за нивниот добар успех во училиштето.

Со света Божествена литургија во храмот

Со света Божествена литургија во храмот

Со света Божествена литургија во храмот „Св.вмч.Димитрија“ во Кавадарци и водосвет пред новоизградениот храм посветен на „Св. Преподобна Параскева – Петка“, во сабота, 8 август 2015 година Кавадарци ќе го празнува верскиот празник „Св. Маченичка Параскева – Петка“.

Според предвидената програма за чествување на заштитничката на градот, светата Божествена литургија во храмот „Св.вмч.Димитрија“ ќе започне во 8 часот и 30 минути, додека водосвет пред новоизградениот храм посветен на „Св. Преподобна Параскева – Петка“ ќе се оддржи во 11 часот.

4 елктро колички за инвалиди – донација

4 елктро колички за инвалиди – донација

Врз основа на средби кои ги имаа со Здружението на телеснини инвалиди од Кавадарци, а по согледаната потреба на терен, градоначалникот Александар Панов, Советот на Опоштината и Ротари клубот од Кавадарци донираа 4 електрични колички за инвалидизирани лица по претходно превземената обврска да им помогнат со набавка на овие современи мобилни помагала.

„Кавадарци денеска направи добро дело за овие наши сограѓани. Ова не е прв пат да помагаме на инвалидизираните лица. Еднаш набавивме половна, а на друг наш сограѓанин му ја поправивме инвалидската количка. Лицата со хендикеп кои не можат да дојдат до центарот на градот не можат без вакво помагало да излегуваат надвор од домовите ниту пак да присуствуваат на бројните културни настани кои се случуваат, од денеска ќе имаат можност да го зголемат обемот на својата подвижност. Со оваа наша скромна донација им се овозможува поширока комуникација со луѓето во градот“ вели градоначалникот Александар Панов кој денеска им ги врачи инвалидските колички на лица со телесна инвалидност од Кавадарци.

„Договорено е со Здужението од Кавадарци во иднина да ги подмирува потребите од електрични колички сите инвалиудни лица кои имаат потреба од нив. Колку и да е голем бројот Општината ќе ги набави, иако се разбира, посакуваме таа потреба да биде помала. Ова донација има вредност од над 3.000 евра. Локалната самоправа учествува во набавката со три а Ротари Клубот од Кавадарци во набавката на една елктрична количка“ додаде Панов.

Николчо Делов претседател на Здружението на лица со телесна инвалидност-Кавадарци искажа голема благодарност до ГрадоначалникотПанов, Советот на општината и Ротари клубот Кавадарци. Тој вели: „Ова е револуционерен чин за нашата општина. Примерот треба да го слкедат другите општини. Во Кавадарци има околу 120 лица со телеска инвалидност од кои 6-7 веке ќе го искористат ова право. Во иднина ќе ги среќавате овое лица во нашето секојдневие и на сите настани и манифестации во градот“.

Ротари клубот Кавадарци пак, кој донираше средства за набавка на една електична инвалидни количка вложува средства во проекти кои претставуваат општествено добро. Големо е задоволството на клубот од Кавадарци што се дел од овој проект и во иднина ќе продолжи со ваква и слична активност, вели претставникот Пне Тотовски.

Зоран Јованчев во фунција на советник и Претседател на Комисијата за финасии и буџет денеска присуствуваше на примопредавањето на количките, истакна дека со одлуката на Комисијата и Советот на Општина Кавадарци се покажува подршката на овие акции за помош на хендикепираните лица. И во иднина тие ќе помагаат на ова ранлива група наши сограѓани.

Инаку во функција на напорите за помош на пошироката заедница за активно вработување на лица со телесна инвалидност градоначалникот Панов денеска јавно упати апел до големите компании, а пред се Дрекслмајер кои вработуваат повеќе од илјада лица, да ја разгледат законска можност за ангажирање на лица со инвалидност. „Ним најголема помош ќе им биде целодневен рабвотен ангажман. И покрај одредената инвалидност сепак голем број од нив можат да работат успешно со ангажман на работни места каде манипулативната способност со рацете, може да даде голема продуктивност“, нагласи Панов.

Тој се заблагодари за одзивот кој го направи ова компанија за вработување на припадници на ромската етничка заедница од Кавадарци.

Кирил Лазаров на средба со градоначалникот Александар Панов

Кирил Лазаров на средба со градоначалникот Александар Панов

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов оствари средба со капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, на која се разговараше и за акатуелни теми од ракометот.

Најдобриот македонски ракометар го запозна градоначалникот Панов со активностите предвидени во неговиот долгогодишен проект за пронаоѓање на млади најтелентирани ракометари од Македонија, нивно менторирање, помагање во секоја смисла, како и насочување на вистинските вредности.

Како што кажа Кире Лазаров, во спортото и во животото, суштинска работа е да се почитува традицијата и историјата. Токму Кавадарци е меѓу ретките градови со длабоки траги во македонската ракометна историја. Па затоа неговата посета резултираше и со средба со градоначалникот на градот од каде потекнуваат многу поранешни, а и сегашни членови на македонската ракометна репрезентација.

Лазаров се потсети и, на почетоците во спортото во кој ги достигна светските височини, а кога како дете играл против неговите врсници на стариот асвалтен ракометен терен на градскиот стадион во Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов искажа почит кон Кире за спортските достигнувања и афирмацијата на Македонија и македонскиот народ во Светото, а воедно и благодарност што се сетил на Кавадарци и неговата ракометна историја, а пред се за потнцијалот на младите кавадарчани кои имаат талент за ракомет.

Панов искажа нескриена поддршка за проектото на Кире, како и лична подготвеност и поддршка од Советот и општината Кавадарци за неговиот проект во откривање и помагање на ракометните таленти.

Од оваа прва средба произлезе и заклучок за воспоставување сериозна соработка и взаемна помош во промовирањето и реализирањето на исклучително благородниот проект на Кире Лазаров за реинкарнација на ракометниот спорт.

На крајот од средбата беа разменети и пригодни подароци, а градоначалникот Панов од Лазаров доби дрес на македонската ракометна репрезентација со бројот 7.