Автор: Општина Кавадарци

Рестрикциите на водата за пиење за Кавадарци станаа минато

Рестрикциите на водата за пиење за Кавадарци станаа минато

И на температура од над 40 степени кавадарчани имаат редовно и квалитетно водоснабдување.

 Рестрикциите на водата за пиење за Кавадарци станаа минато.

Градоначалникот Алексадандар Панов денеска беше во посета на ЈП „Комуналец“. Тој заедно со директорот на ова јавно претрпијатие Илија Атанасов искажаа задоволство што рестрикциите на водата за пиење од системот „Лукар“ ова лето се конечно минато. Деценискиот проблем со осумчасовните рестрикции за вода, за кавадрчани конечно завршија. Решавањето на овој птоблем е директна последица од беспрекорното функционирање на водоснабдителниот систем  и тоа после воведувањето на Електронскиот систем за следење и регулирање на притисокот во градската водоводна мрежа.

Инвестирањето во водоснабдителниот систем ги дава очекуваните резултати. Кавадарци и населените места од општината ова лето и на над 40 степени имаат редовно и квалитетно водоснабдување. Со воведувањето на СКАДА системот се врши автоматска регулација на притисокот во системот, а постојано се следи и влезот на вода како и потрошувачката. Секој дефект навреме е откриен блгодарение на овој компјутерски систем за кој ЈП Комуналец инвестираше околу 250 илјади евра.

„Потребата од вода за пиење најмногу е изразена токму во ваквите  горештини  кои во континуитет повеќе од две недели се присутни во Македонија и во Кавадарци. Домаќинското работење и работењето во склад со науката се покажа и овој пат практично во ЈП Комуналец. Имаме вода и на прелив. Тоа е вишок на вода. Таа вода наскоро  со одлука на совет ќе ја преотстапиме на опшптина Росоман. И оваа општина ќе го реши проблемот со водоснабудвањето. Во измнинатиот период со  помош на владата инсталиравме систем за  нови 150 л/сек вода за пиење. ЈП Комуналец на свој трошок ги репарира филтрите во извориштето Лукр“ рече градоначалникот Панов

И покрај големата побарувачка на вода за пиење од индустријата и од граѓаните,  сепак рестрикции нема. Директорот на Комуналец нагласува дека општина Кавадарци повеќе нема да има проблеми со водата за пиење како во минатото.

„Не беше лесно на почетокот кога имаше рестрикции два пати во текот на денот. Точно ги наменивме инвестициите во водоснабудвањето. Најпрво во овој СКАДА систем. Имаме 18 мерно регулациони шахти кои изминатата година дадоа добар резултат. Имавме континуирано водоснабдување. Индустријата бараше нови количини на вода и активиран е новиот водоснабдителен систем, изграден со средства на локалната самоуправа и владата. Во моментов имаме дополнителни 46 литри во секунда што моментално ги користи градот’ рече Атанасов.

САКАДА системот кој игра значајна улога во водоснабдувањето го чинел Комуналец релативно евтино, ако се направи споредба со благодетите кои се добија.

„Со 250 илјади евра се реши на некој начин проблемот со водоснабдувањето на граѓаните на општина Кавадарци. Имаме голема експанзија на градот во делот на индустријата. Локалната самоуправа и владата размислуваа визионерски, да одговориме на овие потреби и е изграден новиот водоводен ситем со капацитет од 150 литри,  каде што околу 20 литри ќе ги дадеме на општина Росомна. Во тек е постапка за изградба на мерно регулациона шахта за општина Росомна. А другиот дел би одел за пеглање на шпицовите во градот,  пред се за потребите на индустријата. Водоснабдувањето на граѓаните задоволува и со онаа вода што ја имаме од ЛУкар.

Директорот најавува и трета фаза од СКАДА системот. Планирани биле 3 милиони денари за нови регулациони шахти. Пред поставувањето на СКАДА се регистрирале  4-5 дефекти во текот на еден ден, а сега со поставувањето на овој систем еден до два дефекта неделно,  или на две недели.

Нови седишта во Големата сала на Домот на културата

Нови седишта во Големата сала на Домот на културата

Големата сала на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ го врати својот сјај. Поставени се нови 260 седишта кои ќе допринесат за многу попријатно следење на претстави, концерти, свечени академии, како и на сите други настани, а со тоа уште подобра реализација на многу претстави и во иднина.

Read More

19 деца од социјално загрозени семејства на летен одмор во Михајлово

19 деца од социјално загрозени семејства на летен одмор во Михајлово

Општина Кавадарци преку Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на  Кавадарци, во рамките на своите програмски активности по четврти пат ќе го реализира проектот ,,Летен камп Михајлово“.

Почнувајќи од утре 29 јули, заклучно со 5 август 2015 година, 19 деца од основните училишта од Општина Кавадарци ќе престојуваат на летен одмор во Михајлово на Кожув Планина.

Станува збор за деца кои покажуваат добар успех во учењето, но доаѓаат од социјално загрозени семејства кои немаат можност да ги пратат на летен одмори или во кампови. Од тие причини Општината во соработка со бизнис заедницата сака да ги награди овие ученици со седум дневен престој во оморалиштето  Михајлово.

Костадинка Лалкова секретар на Советот за Превенција од малолетничко престапништво изјави: „Изборот на децата кои ги исполнуваат критериумите го извршиа стручните служби во училиштата преку педагозите и психолозите. Таа напомнува дека „Целта на Советот за превенција со реализирањето на овој камп е да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности  и,  да ги тргне од можниот ризик и лошо поведение, а воедно да ги награди за нивниот добар успех, со што се надеваме дека и кај другите деца и ученици ќе поттикнеме да го следат нивниот пат“.

Покрај општината Кавадарци организацијата на „Летниот камп Михајлово 2015“ година финансиски ја потпомогнаа уште седум кавадаречки фирми и поединци.

Конкурс за доделување на Награда “7  Септември” на град Кавадарци за 2015 година

Конкурс за доделување на Награда “7 Септември” на град Кавадарци за 2015 година

Врз основа на член 8 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Награда “7ми Септември” (“Сл. Гласник на Општина Кавадарци” бр.26/2003 год.)

 

Општина Кавадарци-Локална самоуправа Објавува

 К О Н К У Р С

За доделување на Награда “7  Септември”

на град Кавадарци за 2015 година

По повод “7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на награда “7 Септември”.

Конкурс за доделување награда„7 Септември“
Пријава за награда„7 Септември“

 

Измена на работното време на локалната админстрација

Измена на работното време на локалната админстрација

Со одлука на градоначалникот Александар Панов се врши времена промена на работното време на општинската администрација.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне.

Промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кој деновиве владеат во земјата и регионот.

Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции.

Се информираат граѓаните дека веднаш со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, Општината веднаш ќе се врати на вообичаеното работно време.