Автор: Општина Кавадарци

Достапна администрација за лица со хендикеп

Достапна администрација за лица со хендикеп

И З В Е С Т У В А Њ Е

  

            Општина Кавадарци-Локална Самоуправа ги информира лицата со хендикеп и граѓаните дека започна со реализација и поддршка на проектот “Достапна администрација за лица со хендикеп”.

Проектот има за цел, Создавање на адекватни услови за лицата со инвалидност при остварување на нивните граѓански права и обврски, во правец на  полесен пристап до информации и услуги од Општината.

Локалната самоуправа им соопштува на граѓаните со одреден вид и степен на попреченост, дека, согласно препораките на Министерството за труд и социјална политика започна да ја спроведува интерната процедура за давање на услуги на лицата со попреченост, при што определи и лице за контакт од општинската администрација.

За сите информации лицата со хендикеп може да се обратата до лицето,

Јанинка Леова

тел. 070/ 282-271

e-mail jleova@test.kavadarci.gov.mk

Секој работен ден во текот на работното време.

ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ВРАЧЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ВРАЧЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

 

Процесот на легализација на дивоградбите во Општина Кавадарци започна пред неколку години. Денеска им беа врачени решенијата на 40-сетина граѓанина на кои им е завршена постапката за легализација.

Градоначалникот Александар Панов кој им ги подели долгоочекуваните документи на граѓаните и преставници на правни лица, изјави дека од вкупниот број околу 7.200 барања, донесени се 1.250 решенија, само 8 предмети се повлечени, пострапката е прекината за 2766 предмети што значи постапката за нивно решевање е при крај или е потребен дополнителен документ, додека 3225 барања се во постапка.

Панов напоменува дека околу 40 % решенија кои се во процедура, се потврда дека процесот на легализација добро се одвива, а значајно е што легализацијата кај бизнис секторот е веќе завршен или е при крај.

Што се однесува за легализацијата на објектите во викенд населбите околу Тиквешкото Езеро и на други делви од туристички карактер во Општинава, исто така се одвива без застој, односно во вкупната бројка се влезени и објекти од овие подрачја.

Потпишани договорите за првата термо фасада во центарот на Кавадарци

Потпишани договорите за првата термо фасада во центарот на Кавадарци

Зградата на улицата „Пано Мударов“ во Кавадарци, позната како „комбинатска“ е првата која ќе има нов лик. Ќе добие термо фасада, ќе се менува покривот и столаријата. Овие активности се дел од проектот за енергетска ефикасност што локалнатга самоуправа го реализира во соработка со Хабитат Македонија, подржани од УСАИД. По заседавањето на комисијата апликацијата ос дтанарите на оваа зграда е прифатена, а со  заем ќе биде реконструиран објектот.

„Овој проект го почнавме пред една година. Следеа подготвителни дејства за запознавање на граѓаните. Освен зградите на „Илинденска“ опфатени се и други згради на други улици. Постапката за првата поголема зграда од комисијата е веќе таргетирана. Овде ќе се работи на термо фасада и промена на кровот. Очекувам во наредниот период интерес и од станарите во другите  згради и полека зградите кои го даваат ликот на Кавадарци да го менуваат својот лик, но и станарите да трошат помалку енергенси за затоплување“ рече градоначалникот Александар Панов.

Станарите од зградата каде ќе се врши реконструкција деновиве имаа состанок со градоначалникот Алексасндар панов, со претставниците на секторот за локален економскли развој од локалната самоуправа, како и со лица од Хабитат Македонија и УСАИД. Тие можеа да се информираат за начинот на отплата на заемот и времето на реализација на проектот.

Претставникот на Хабитат во изјавата за КТВ рече дека откако ќе се аплицира по овој проект се одлучува кој од кандидатите ги исполнуваат условите за овој проект.

„Зградите аплицираат кај нас, по овој проект за поставување на термо фасада,  промена на кров, промена на старите со нови прозорици. Голем дел од проектот подржува и обновување на работата на заедницата на сопственици или поранешните куќни совети“ рече  Андреј Апостолски од Хабитат Македонија.

 

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во неговата Спомен куќа во Ваташа и со свечена академија

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во неговата Спомен куќа во Ваташа и со свечена академија

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во неговата Спомен куќа во Ваташа и со свечена академија, во Кавадарци на достоинствен начин се одбележа стогодишнината од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур.

Градоначалникот Александар Панов, претседателот на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова Вилхелм, членови на советот на општината, претставници од Музеј галеријата на град Кавадарци, месниците заедници, сојузот на борци и од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, поклонувајќи се пред бистата на Страшо Пинџур уште еднаш ја искажаа својата почит кон големиот тиквешки и македонски херој.

Одбележувањето на роденденот на Страшо Пинџур продолжи со богата историско-културно-уметничка програма во преполниот Дом на културата „Иван Мазов – Климе“. Актерот Диме Коцевски читаше извадоци од „Дневникот“ на Страшо Пинџур, а професорот по историја Мики Камчевски зборуваше за животниот пат на Страшо, предизвиците кои го следеле уште од мали нозе кога останал без татко и во грижа на својата баба Наца, ученичките денови, дружењето со Димката Ангелов – Габерот и неговото погибие.

Градоначалникот Панов во своето обраќање искажа огромна почит кон ликот и делото на народниот херој Страшо Пинџур. Притоа постави релација на континуитетот на патриотскиот дух на семејството Пинџурови, од неговите ппретци, прку татко му Диме Пинџуров истакнат револуционер и ваташки војвода, баба му наца Пинџурова, храбрата жена која со својот дух и разумност го крепела семејството во најтешките моменти когас Страшо останува без татко, па до големиот патриотски и херојски чин на Страшо Пинџур.

Зборувајќи за денешниот патриотизам, Александар Панов борбата на оваа генерација кавадарчани ја насочи во правец на обезбедување на економски просперитет, квалитетно образование, здравство и севкупен развој на општината и општеството.

Свечената академија продолжи со настап на ученици од општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, професори репродуктивци од музичкото и балетско училиште „Лазо Мицев – Рале“, со музичките точки на Ангел Тотов, Пешо Бошков, Стево Волчев, Горан Јанев и Радица Димова.

 

Општина Кавадарци во подготовки за решавање на проблемот со квалитетот на водата од Лукар

Општина Кавадарци во подготовки за решавање на проблемот со квалитетот на водата од Лукар

Општина Кавадарци во соработка со општините Неготино и Росоман интензивно работи на решавање на проблемот за подобрување на квалитетот на водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар“.

Денеска во кабинетото на градоначалнникот Александар Панов,  во присуство на неговиот колега Ванчо Апостолов градоначалник на Неготини,  директорот на ЈП „Комуналец“ Илија Атанасов, како и раководителот на „Водовод и канализација“ Марјан Прескакулев, стручна екипа на специјализирана фирма од Велика Британија и консултант од Унгарија извршија презентација на механички филтри за прочистување на водата.

Станува збор за стручен тим кој има искуство во прочистувањето на изворските води во Макдедонија кои имаа соработка со компаниите Кожувчанка, Горска и други производителки на вода во шишиња. Тие своите производи и начинот на нивното функционирање го претставија пред надлежните.

Градоначалникот Панов во врска со денешната средба изјави дека таа е само континуитет во напорите на општината за решавање на деценијскиот проблем со водоснабдувањето. Во тој правец Панов вели: „ Предминатата година го решивме проблемот со рестрикциите, поставувајќи го „Скада “системот за автоматско регулирање на притисокот и протокот на вода во градската водоводна мрежа. Доведовме алтернативен цевковод и филтер станица за дополнителни 200литри вода во секунда, со што дефинитивно кавадарчани се збогуваа со редукциите и недостигот на вода за пиење. Во моментов работиме на подобрување на квалитетот на водата од „Лукар“. При крај се работите на целосна реконструкција на постојните филтри за прочистување на водата од Стара река и изворот Косматец. Денешната презентација има за цел да се зафатиме и со решавање на најнепријатниот проблем, а тоа е со квалитетото на водата за пиење, односно сезонското нејзино заматување кое доаѓа од зафатите на изворите Лукар 1 и Лукар 2. Во најскоро време ќе започнеме со поставување на механички филтри со кои повеќе нема да има заматување на водата од системот „Лукар“. Овој проект ќе го работиме заедно со општините Неготино и Росоман кои исто така ја користат водата од регионалниот водовод. Со тоа граѓаните дефинитивно покрај редовно квантитативно ќе имаат и целосно квалитетно водоснабдување“, рече Панов.