Автор: Општина Кавадарци

16 меморијален фудбалски турнир – Вуко Каров

16 меморијален фудбалски турнир – Вуко Каров

По три години пауза, „бубамарата“ повторно се „тркалаше“ на градскиот стадион во Кавадарци во чест на Вуко Каров и кавадаречките фудбалски легенди.

Пред повеќе од 1000 вљубеници во фудбалот кои максимално го искористија топлото февруарско сонце да уживаат во ретката можност да уживаат во квалитетен фудбал, враќањето на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ го поздравија претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, кои констатираа дека турнирот „Вуко Каров“ е еден од препознатливите белези на Кавадарци и на фудбаслска Македонија.

По поздравните говори, внукот на Вуко Каров, Тоше Каров и градоначалникот Александар Панов го изведоа почетниот удар и ја најавија фудбалската возбуда, која не изостана и покрај скратениот формат на натпреварување и различниот натпреварувачки ранг на екипите учеснички, Победа од Прилеп, Хоризнот Турново и домаќинот Тиквеш 2014.

Во првиот натпревар, играчите на Тиквеш 2014 докажаа дека не им е местото во четвртата лига, играјќи нерешено 1:1 против прилепска Победа која пролетва сериозно ќе атакува на влез во второлигашкото друштво. Јованов му донесе предност на Тиквеш 2014, но Тони Мегленски изедначи на 1:1.

Во вториот натпревар, Хоризонт Турново иако беше послаб противник во првите 20 минути од играта, сепак го искористи своето прволигашко искуство и со головите на Марков и Ташев си обезбеди триумф од 2:0. Идентичен беше резултатот и во третиот натпревар, во кој Ташев и Мавров погодија за Хоризонт во победата над Тиквеш 2014, иако резултатот можеше да биде многу поинаков доколку домаќините ги искористеа своите шанси.

Максималниот ефект на Хоризонт Турново ги промовираше во победници на шеснаесетиот меморијал, додека Победа и Тиквеш 2014 со идентичен скор во групниот систем го поделија второто место. Сосема очекувано играчите на Хоризонт Турново доминираа и во поединечните категории, па пехарот за најдобар стрелец на турнирот кој го доделува фамилијата Карови заврши кај Марјан Ташев, додека Митко Мавров беше прогласен за најдобар играч.

Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“

Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“

Деновиве главната пешачка патека во Градскиот Парк „Љупчо Шкартов“ како и платото пред Спомен костурницата се во темница.

Имено, по извршениот увид од страна на надлежните во Општина Кавадарци, денеска беше констатирано дека насилно се извадени и украдени 9 комплети ЛЕД светилки со проѕирни Опал топки. Овие светилки беа поставени есента 2013 година како дел од проектот за целосно осветлување на паркот и костурницата, а до сношти беа во функција на граѓаните.

Кражбата на светилките е извршена на потегот од влезот во паркот пред ресторанот „Бриони“ се до „Винската куќа“.

Со оглед на фактот дека делото е извршено под напон и насилно, со отшрафување на заштитните капаци на столбовите, а потоа и со корнење на каблите, вистинска среќа е што арамиите минале без струен удар. Насилното корнење на напонските кабли во канделабрите довеле и до нарушување на системот со електро снабдување па во 90% од  кабелот на подземната доводна линија поради кратко спој се загреаа и уништил, заради што е линијата е неупотреблива.

Штетата е предизвикана на главната линија поради што паркот и костиурницата ќе бидат во целосен мрак до санирање на дефектото преку премостување.

Денеска екипа на  фирмата концесионер која е надлежна за Јавното осветлување, работеше на отстранување на дефектото и оспособување на дел од осветлувањето во паркот

Но граѓаните ќе треба да имаат разбирање бидејќи за целосно нормализирање на состојбата со јавното осветлување во грдскиот парк ќе треба целосна реконструкција на оштетената делница од нисконапонската подземна линија.

Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“

Мојот град-мојата Општина“ – Средба на Градоначалникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“

Мојот град-мојата Општина“ – Средба на Градоначалникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“

Во рамките на проектот „Заедничка грижа и поддршка на учениците“ денеска во просториите на општина Кавадарци беше реализирана содржина од наставата по предметот Општество, на тема „Мојот град-мојата Општина“.

Домаќин на 60 деца од трето одделени од ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци им беше градоначалникот Александар Панов, а во улога на родител наставник Зоран Јованчев родител на треттоодделенец и актуелен член на Советото на општина Кавадарци.

Учениците со домаќинот прво се дружеа во салата на Советот на општината каде Панов ги запозна со надлежностите, поставеноста и начинот на работа на градоначалникот и на Локалната самоуправа. Во интерактивност децата имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересира. За улогата, значењето, поставеноста и работата на Советото на општината зборуваше родителот наставни Зоран Јованчев.

Децата се интересираа за начинот како се станува градоначалник, кој бил првиот кавадарчанец на таа функција, кога е изградена зградата на општината, колку луѓе работата во неа. Каково училиште треба да се заврши за да се  работи во општината, а пројавиа интерсе и за портретите на петмината кавадречки великани кои се поставени во големата сала на општината.

Во рамките на посетата учениците од „Гоце Делчев“ се запознаа и со просториите во кабинетот на градоначалникот каде добиа дополнителни информации со кои го прошириа своето знаење за Општината, при што се запознаа повеќе со организацијата на општината.

Инаку овие часови градоначалникот Панов ги практикува во изминатите шест години од негиовиот мандат со учениците од сите основни училишта во Кавадарци.

Но сега за прв пат како соработка со Министерството за образование и наука во рамките на проектот „Родителот е наставник, Заедничка грижа за правилно насочување на децата“ чија цел е да се зајакнат врските на релација ученик-родител-наставник, а децата од најрана возраст да се запшознаат со повеќе теми и со различни институции во општеството.

Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Средба на Градоначаникот со ученици од ООУ „Гоце Делчев“