Автор: Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2022 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2022 година

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2022 година бр.08-2766/13 од 28.04.2022 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2022 бр.08-4989/8 од 25.09.2020

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето

на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2022 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 23.05.2022 година.

1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 03.05.2022 година заклучно со 23.05.2022 година

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.

1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.

1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

Read More

ОБЈАВА број 1/2022 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 1/2022 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 1/2022

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со УП за село Марена, Општина Кавадарци 2014-2024, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-326/4 од 31.01.2019 година, за изградба на објекти со намена на градба – Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија (компатибилна класа на намена Б1, Б2, Б4, В2, Д2, Д3, Г3 и Г4 –49%) согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

Потпишан меморандум за соработка со здружението БОРКА

Потпишан меморандум за соработка со здружението БОРКА

Денес Градоначалникот Митко Јанчев и Биба Додева од здружението „БОРКА – За секој нов ден” потпишаа меморандум за соработка, а во насока на подобрување на здравствените услуги и јавното здравство на жителите на Општина Кавадарци.

Кавадарци е прва Општина која што потпиша ваков меморандум кој има за цел воспоставување долгорочна соработка помеѓу двете страни во насока на подобрување на Заштитата на правата на пациентите во Кавадарци и формирање и работа на Комисија за заштита на правата на пациентите во состав на Општината, согласно глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите, како краен резултат на соработката.

Соопштение за собир на граѓани во месните и урбани заедници на територијата на Општина Кавадарци

Соопштение за собир на граѓани во месните и урбани заедници на територијата на Општина Кавадарци

Општина Кавадарци донесе Одлука за распишување на избор на членови на Советот на месните и урбаните заедници на територијата на Општина Кавадарци.

Поради транспаретност на постапката за избор на членови се известуваат граѓаните за времето и местото на одржување на собирите и тоа со следниот распоред:

 

1.На ден 18.04.2022 година (понеделник) со почеток во 19:00 часот избори во урбаната заедница Киро Крстев, со место на одржување во ООУ “Димката А.Габерот “Кавадарци

2.На ден 18.04.2022 година (понеделник) со почеток во 20:00 часот избори во урбаната заедница Браќа Џунови, со место на одржување во ООУ “Димката А.Габерот “Кавадарци.

3.На ден 19.04.2022 година (вторник) со почеток во 19:00 часот избори во урбаната заедница Задругар, со место на одржување во ООУ “Тоде-Хаџи-Тефов “Кавадарци.

4.На ден 19.04.2022 година (вторник) со почеток во 20:00 часот избори во урбаната заедница Браќа Досеви, со место на одржување во ООУ “Тоде-Хаџи-Тефов “Кавадарци..

5.На ден 20.04.2022 година (среда) со почеток во 19:00 часот избори во урбаната заедница Љубаш, со место на одржување во ООУ “Гоце Делчев “Кавадарци.

6.На ден 20.04.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот избори во урбаната заедница Кула, со место на одржување во Собрание на Општина Кавадарци-сала за советници.

7.На ден 27.04.2022 година (среда) со почеток во 19:00 часот избори во урбаната заедница Страшо Пинџур, со место на одржување во ООУ “Страшо Пинџур “Кавадарци.

8.На ден 27.04.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот избори во урбаната заедница Глишиќ, со место на одржување во ООУ “Страшо Пинџур “Кавадарци.

9.На ден 28.04.2022 година (четврток) со почеток во 19:00 часот избори во урбаната заедница Слога, со место на одржување во просториите на месната канцеларија Слога.

10.На ден 28.04.2022 година (четврток) со почеток во 20:00 часот избори во месната заедница Ваташа, со место на одржување во ООУ “Димката.А.Габерот “ во Ваташа.

 

11.На ден 03.05.2022 година (вторник) во Собрание на Општина Кавадарци-сала за советници ќе се одржи избор на следните месни заедници:

-Месна заедница Горна Бошава во 17:00 часот

-Месна заедница Долна Бошава во 17:30 часот

-Месна заедница Крњево во 18:00 часот

-Месна заедница Чемерско во 18:30 часот

-Месна заедница Страгово во 19:00 часот

-Месна заедница Конопиште во 19:30 часот

-Месна заедница Радња во 20:00 часот

-Месна заедница Бунарче во 20:30 часот

 

12.На ден 04.05.2022 година (среда) во Собрание на Општина Кавадарци-сала за советници ќе се одржи избор на следните месни заедници:

-Месна заедница Гарниково во 17:00 часот

-Месна заедница Драгожел во 17:30 часот

-Месна заедница Рожден во 18:00 часот

-Месна заедница Клиново во 18:30 часот

-Месна заедница Бојанчиште во 19:00 часот

-Месна заедница Мајден во 19:30 часот

 

13.На ден 05.05.2022 година (четврток) во Собрание на Општина Кавадарци-сала за советници ќе се одржи избор на следните месни заедници:

-Месна заедница Фариш во 17:00 часот

-Месна заедница Ќесендре во 17:30 часот

-Месна заедница Брушани во 18:00 часот

-Месна заедница Дабниште во 18:30 часот

-Месна заедница Шивец во 19:00 часот

-Месна заедница Раец во 19:30 часот

-Месна заедница Галишта во 20:00 часот

 

14..На ден 09.05.2022 година (понеделник) со почеток во 18:30 часот избори во месната заедница Ресава, со место на одржување во месна заедница во с.Ресава.

15..На ден 09.05.2022 година (понеделник) со почеток во 19:30 часот избори во месната заедница Бегниште, со место на одржување во П.О.О.У “Тоде-Хаџи-Тефов” с.Бегниште.

16..На ден 10.05.2022 година (вторник) со почеток во 18:30 часот избори во месната заедница Возарци, со место на одржување во П.О.О.У “Страшо Пинџур” с.Возарци.

17..На ден 10.05.2022 година (вторник) со почеток во 19:30 часот избори во месната заедница Дреново, со место на одржување во П.О.О.У “Страшо Пинџур” с.Дреново.

18..На ден 11.05.2022 година (среда) со почеток во 18:30 часот избори во месната заедница Марена, со место на одржување во П.О.О.У “Страшо Пинџур” с.Марена.

19..На ден 11.05.2022 година (среда) со почеток во 19:30 часот избори во месната заедница Сопот, со место на одржување во Дом на култура с.Сопот.