Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…
На ден 27.01.2022 беше одржана 6 – тата седница на советот на општина Кавадарци на која беше поставено советничко прашање за продолжување на рокот за поднесување на апликации по јавниот повик за прибирање предлог – проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од буџетот на општина Кавадарци за 2022 година.
Истото беше одобрено од страна на градоначалникот на општина Кавадарци м-р Митко Јанчев и се донесе заклучок за продолжување на јавниот повик до 14.02.2022 година.
Поддршка од амбасадата на Полска за кабинет по биологија и хемија во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци
Со грант поддршка од амбасадата на Полска во земјава целосно е опремен кабинет по биологија и хемија во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци. Неговата екселенција, амбасадорот Војциех Тицињски имаше работна средба со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев. Во изјава за медиумите нагласија дека соработката ќе продолжи и во наредниот период на други проекти.
ЈАВЕН КОНКУРС за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации
Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година бр.08-7333/25 од 24.12.2021година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година на правно лице бр.08-7333/26 од 24.12.2021 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,
ЈАВЕН КОНКУРС
За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година на правно лице
Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година и тоа:
1.Културно стопанска манифестација „Св.Трифун“ , 14 Февруари
2.Културно лето го сакам Кавадарци – Јули-Август
3.Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер“ Септември
4.Нова Година 2023 -Декември