Автор: Општина Кавадарци

Отворена новата детска градинка во Кавадарци

Отворена новата детска градинка во Кавадарци

После 40 години Кавадарци денеска доби нова детска градинка. Во објектот „Сонце“ кој ќе работи во склоп на детската градинка „Рада Поцева“ ќе се згрижуваат 142 деца во седум групи. Новата градинка е изградена и опремена по современи стандарди, а чини 57.4 милиони денари.

 На свеченото отворање денеска присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, градоначалникот Митко Јанчев и директорката на градинката Цанка Добринова. Во изминативе четири години, заедно со новиот објект,  капациетот на градинката е проширен за 380 места, со тоа Кавадарци нема повеќе проблем со капацитет за  згрижување на деца во градинка.

Министерката Шахпаска изрази задоволство што децата од оваа општина добиваат можност да посетуваат градинка која е изградена согласно најсовремените стандарди и овозможува квалитетен престој за децата од предучилишна возраст.

„Децата од Кавадарци за првпат после 40 години, добиваат целосно нова детска градинка којашто целосно е финансирана од Министерството за труд и социјална политика, во склоп на Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка, во вредност од 57.4 милиони денари. Таа е изградена согласно најсовремените стандарди за енергетска ефикасност и ќе користи и обновливи извори на енергија преку системот на сончеви колектори. Изминатиот период Владата и Министерството посветено работеа на остварување на социјалната реформа која всушност значи влог во човечкиот капитал, кој е најдолгорочната и најзначајната инвестиција на секоја Влада,“рече Шахпаска.

 

Според градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев овој проект е од големо значење за општина Кавадарци, бидејќи е реализиран според високите стандарди за ран детски развој и е една од најубавите и најсовремените градинки во земјата.

„Покрај големиот бенефит за дечињата, градинката ќе овозможи нови вработувања на воспитувачи и негуватели, односно цел персонал кој ќе се грижи за дечињата и за нивниот детски развој“, истакна Јанчев.

ЈАВЕН ПОВИК За аплицирање на кандидати за волонтирање  во Општина Кавадарци

Врз основа на Програма бр. 08-7099/9 од 14.12.2021 година за волонтери во Општина Кавадарци за 2022 година, Општина Кавадарци –Локална Самоуправа објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК
За аплицирање на кандидати за волонтирање 
во Општина Кавадарци

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за извршување на активности според проектот ‘’За чисто и убаво Кавадарци”.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на  волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град  и  тоа:

  • оплеменување на зеленилото низ градот, 
  • засадување на нови садници, 
  • подигање на нови зелени површини низ градот, 
  • средување на јавните зелени површини низ градот, 
  • кастрење на вегетацијата,
  • и одржување на  селските патишта и фудбалски игралишта , 
  • како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се:просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови  на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации
  • и други тековни непредвидени волонтерски активности.

Времетраењето на волонтерската работа е од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година кое  ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ„ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и „Сл. весник на РСМ„ бр.124/2019 и 103/2021) најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса:Општина Кавадарци , ул. Плоштад Маршал Тито бб  со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“ во Општина Кавадарци  или дирекно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20. 

Рок за пријавување: јавниот повик е од отворен карактер.

Пријавените кандидати  ќе бидат повикани да склучат  договор за волонтирање  и да започнат со вршење на волонтерската работа.

ОБЈАВА број  03/2021

                Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21), Извештај за процена на вредноста на машини и опрема изработен од ДИУП „Метода Плус“ ДООЕЛ – Кавадарци, со деловоден П.бр.86/1 од 30.03.2021 година и наш деловоден бр.10-7051/2 од 03.12.2021 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  03/2021

за продажба на движни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21).

2.ПОДАТОЦИ ЗА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ  КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА

            Предмет на продажба се движни ствари сопственост на  ЈП„Комуналец“ Кавадарци согласно Решение СТ.бр.60/11 од 24.02.2020 година на Основен суд Велес и тоа:

Read More

Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, дел за блок 6.11, ,,СРЦ Јасмин”

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6, дел за блок 6.11, ,,СРЦ Јасмин” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

–  Север – осовина на улица 8ми Септември;

– Исток – граница на наменска зона согласно Измена и дополнување на ГУП

на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ;

– Југ – осовина на улица Вишешница;

– Запад – осовина на Западен булевар.