Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2016година- септември, Глава IV, Точка 34, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци
Граници на планскиот опфат се :
– на север – КП 8497, КО Кавадарци 1
– на исток – општински пат,
– на југ – КП 9601/1, КО Кавадарци 1, река
– на запад – КП 8502, КО Кавадарци 1
Површината на планскиот опфат изнесува 1,0062 ha.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 06.12.2021 до 13.12.2021 година, секој работен ден од 8:00 до 16030 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 09.12.2021 година во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација за лесна и незагадувачка индустрија – Г2, на КП 8501, КО Кавадарци 1, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.
Јавна Презентација и Јавна Анкета По Урбанистички план за село Рожден, КО Рожден
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови за 2016 година, Глава III, Точка 8, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Урбанистички план за село Рожден, КО Рожден, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
Од Север: од најсеверната точка 34 се движи кон исток долж границите на КП 833/2, 835/1, 838/2, 838/1, 854, 953, 949, 948/1 892, 893, 894 се до најисточната точка 10;
Од Исток: се движи кон југ од најисточната точка 10 долж границата на КП 894, 946, 945/1, 901, 902, 933/2,909, ја сече 1402 1404/1, па продолжува долж границите на 1406/1, 1408, па ја сече
КП 2558/1 потоа продолжува долж границите на 1394/1, 1394/2, 1393, 1391, 1379, 1380, 1355, 1354, 1353, 1333, 1461, 1459, 1458, 1457, 1455/2, 1455/1, па ја сече 1640/1, 1442/1 и 1443 па продолжува по нејзината граница и долж на границите 1450/1, 1450/2 се до најјужната точка 109.
Од Југ: Се движи кон запад од најјужната точка 109 долж границите на КП 1450/2, 1477, 1476 па ја сече и продолжува КП 2555 и продолжува по границите на КП 1289, 1291, 1294, 1296, 1299, 1272 ја сече 1271 и продолжува долж нејзината граница па ја сече КП 2556 па продолжува долж границите на КП 1074, 1075, 1077, па ја сече КП 2550, 818 и 817 до најзападната точка 63
Од Запад: Се движи од најзападната точка 63 кон север долж границите на КП 816, 815, 811,823/2, 810, 823/1, 827 и КП833/1 се до најсеверната точка 34
Површината на планскиот опфат изнесува 31,25 ha.
Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава IV, точка 26, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
– – на север – осовина на улица “Дисанска“
– – на исток – граница на планскиот опфат на ДУП за плански опфат Дисанска Кавадарци, пешачка улица влез во градскиот парк
– – на југ – граница на планскиот опфат на ДУП за плански опфат Дисанска Кавадарци, новопредвидена СЕРВИСНА улица – улица 1
– – на запад – осовина на ул.“Методија Џунов Џико“
Површината на планскиот опфат изнесува 1,9 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарциво просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 29.11.2021 до 13.12.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 02.12.2021 година (Четврток) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарциќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 гопдина, глава IV, точка 56, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, ,,Слога 1”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
– од северната страна границата на опфат минува по оската на улица ,,Ило Костов ,,и улица,,Киро Спанџов”.
– западната граница на опфатот се движи по осовината на улица “Страшо Пинџур”.
– на јужната страна границата на опфатот се движи по оската на улица “Слога”.
– и на источната страна границата на опфат се движи по оската на улица “Киро Спанџов ” и по осовината на улица “Кеј Браќа Џунови”
Површината на планскиот опфат изнесува 7,5 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, ,,Слога 1”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 25.11.2021 до 09.12.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.12.2021 година (Понеделник) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 11, дел од Блок 11.1, ,,Слога 1”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.