Реконструкција на фасадите на станбените згради
Деновиве интензивно се работи на реконструкција на фасадите на станбените згради во Урбаните заедници Ќиро Крстев и Страшо Пинџур.
Фарбани и санирани се оштетените делови на зградите на улиците Ленинова, и Иво Андриќ. Во тек е реконструкција на зградата на ул. 7 Септември бр. 64, по што следуваат и останатите. А, потоа ќе се продолжи со реконструкција на фасадите и на зградите на улицата Блажо Алексов.
Изведувач е фирмата Автоматско технолошки системи ДООЕЛ Скопје, а целата инвестиција е во вредност од 5.787.428 денари.
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани
Одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП бр.1795, КП бр.1796 КО Ресава, Општина Кавадарци
Реконструкција на фасади на станбени згради
Во завршна фаза е реконструкцијата на фасади на станбените згради, односно фарбање на истите и санација на оштетените делови и тоа на ул. Страшо Пинџур бр 63 во Урбаната заедница Слога, а ќе се започне и реконструкција на зградите на ул. Беласица 1,3,5 и 7.
Изведувач е фирмата Градба Промет, а вкупната инвестиција за сите чини 4.126.460 денари.