Автор: Општина Кавадарци

Поставени се тоалетни кабини на шест локации во Кавадарци

Поставени се тоалетни кабини на шест локации во Кавадарци

Поставени се 10 тоалетни кабини на шест локации во Кавадарци и тоа дел поединечни, а дел се дупли, на следниве локации: Градски парк “Љупчо Шкартов”, храм св.Петка, Спортска сала “Јасмин” (градско игралиште), ул.7-ми Септември (портокалот), Градски плоштад и ул.”Страшо Пинџур” во с.Ваташа.

Тоалетните кабини се комплетно опремени а изведувач е ДПТУ “Метал Апостолов” ДООЕЛ Кавадарци. Вредноста на целиот проект изнесува 1.011,850,оо денари.

 

Поплочување на тротоар на ул. Методија Џунов Џикот

Поплочување на тротоар на ул. Методија Џунов Џикот

Поплочување на тротоар на ул.Методија Џунов Џикот и уредување на дол Калница каде што треба да се стави и настрешница. Изведувач на работите е фирмата Павер Трејд, вкупната квадратура за поплочување е 1920 метри квадратни.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ Во врска со спроведување на Пописот на населението во Република Северна Македонија, 2021, КПР 17 Општина Кавадарци и Општина Росоман

ИЗВЕСТУВАЊЕ Во врска со спроведување на Пописот на населението во Република Северна Македонија, 2021, КПР 17 Општина Кавадарци и Општина Росоман

 

Во врска со спроведување на Пописот на населението, лицата, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, КПР 17 Општина Кавадарци и Општина Росоман, ги известува лицата на територијата на Општина Кавадарци и Општина Росоман дека обезбеди работни простории каде што може да се попишуваат лицата што досега не се попишани од различни причини, и тоа:

 

  1. Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2, Канцеларија на Реонска Пописина Комисија бр.17.

                 Реонски инструктор Симона Јосифовска, тел: 075/660-609;

                 Реонски инструктор Драгица Малинкова, тел: 077/438-863.

  1. Општина Росоман, ул. Пролетерска 1а, Росоман, Сала за состаноци.

                 Реонски попишувач Јасминка Лазова тел: 072/312-220;

                 Реонски попишувач Бранкица Несторовска тел: 072/717-756.

 

Попишувањето ќе трае од 8:00 до 20:00 часот.

 

Комисија за Пописен Реон бр.17
Претседател
Тодор Ефремов

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената П Р О Г Р А М А за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава IV, точка 42, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

  • исток: осовина на станбена улица „Орце Николов“
  • југ: осовина на сервисна улица бул.„Кочо Рацин“
  • запад: осовина на сервисна улица бул.„Никола Минчев“
  • север: осовина на сервисна улица бул „Македонија“

Површината на планскиот опфат изнесува 3,97 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 23.09.2021 до 06.10.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  29.09.2021  година (среда) во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 5, блок 5.5, “Уни Палас” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

Соопштение за спроведување на Анкета за намалување на енергетската сиромаштија во стамбените згради

Соопштение за спроведување на Анкета за намалување на енергетската сиромаштија во стамбените згради

🏘 Во рамки на Проектот ComAct – Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради, започна мапирањето на потребите на станарите кои влијаат врз енергетската ефикасност во станбените згради во општините Кавадарци и Карпош.

Во анкетите учествуваат станари на згради селектирани за учество и поддршка од проектот според енергетските карактеристики на зградата, годината на изградба, бројот на станари, начинот на греење и слично. Целта на оваа активност е да се утврдат најзначајните социјални, економски и технички фактори кои влијаат врз енергетската ефикасност во станбените згради кои се енергетски неефикасни, како и главните пречки кои не дозволуваат реновирање. Со тоа прецизно ќе се идентификуваат потребите на станарите, нивната подготвеност да се вклучат во проектот, а следствено ќе произлезат и практично ќе се спроведат соодветни мерки за подобрување на енергетската ефикасност.

📌Проектот ComAct е финансиран од Европската унија, со цел да овозможи скапите и најефикасни мерки за подобрување на енергетската ефикасност да бидат достапни и лесно да се управуваат од страна на заедниците коишто се соочуваат со енергетска сиромаштија, како што се жители на станбени згради.

Во Македонија проектот се спроведува во соработка помеѓу општините Кавадарци и Карпош и здружението за хумано домување Хабитат Македонија.

#HabitatMacedonia #energypowerty #H2020 #ComAct