Автор: Општина Кавадарци

Делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер во посета на Општина Кавадарци

Делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер во посета на Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер. Тие одржаа работна средба со Градоначалникот Митко Јанчев на која се разговараше за досегашната соработка помеѓу општината и Мировниот корпус и продолжување на истата.

 

ЈАВЕН ПОВИК за членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа ,  член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики ( Сл.весник на РСМ бр.10/20, член 128-г од Статутот на Општина Кавадарци(Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.8/05…..75/21), Советот на Општина Кавадарци распишува,

 

ЈАВЕН ПОВИК

За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

 

  1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

            1.1. Општина Кавадарци со Статутот предвидува формирање на Локален младински совет.

            Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога во општината од делокруг на младински прашања и политики.

            Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:

            -Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите;

            -Иницираат прашања за млади од делокруг на работа на општината;

            -Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локалната младинска стратехија и други политики;

            -Доставуваат информации до општина Кавадарци за прашања кои се однесуваат на младите

            -Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со закон.

 

            1.2. За конституирање на локалното собрание за млади се свикува иницијативен одбор, составен од членови кои ги исполнуваат условите да членуваат во собранието на млади.

            Иницијативниот одбор со решение го формира Совет на општина Кавадарци.

            Иницијативниот одбор е составен од пет члена и тоа младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско учество.

Иницијативниот одбор го распишува Јавниот повик за конститутивното Локално собрание на млади.

Со конститутивното собрание претседава најстариот член на иницијативниот одбор кој доаѓа од редот на младинските организаци.

            Мандатот на членовите на иницијативниот одбор трае само до одржување на конститутивното собрание на млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на Собранието на млади, истиот се распушта.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

            На јавниот повик право на учество имаат претставници на младинските организации , организации на млади, ученички и студенски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Кавадарци.

            Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои имаат желба и интерес да се вклучат во иницијативниот одбор :

            -да се жители на општина Кавадарци

            -да бидат на возраст од 15-29 години ;

            -да се креативни и поседуваат искуство во областа , работа со млади и младински организации.

 

            3.НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВИТЕ

            Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

            -мотивационо писмо

            -кратка биографија CV(во која задолжително ќе бидат наведени активностите за млади од минатите)

            – Портфолио за организацијата / групата/ здружението.

            – Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации.

 

            Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Кавадарци се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци , секој работен ден од 28.07.2021година до 04.08.2021 година  или по пошта со назнака ,, За јавен повик за свикување на Иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци.

            Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци и Огласната табла на Општина Кавадарци.

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

По јавното извлекување на ден 21.06.2021 во просториите на Општина Кавадарци согласно Јавен повик за субвенционирање на граѓаните при купување на енергетско ефикасни грејни тела и проверка на извлечените барања, Општина Кавадарци објавува список на субвенционирани баратели.

 

Напомена: Сите баратели за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела по Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година можат да си ја подигнат поднесената документација секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот во Граѓански информативен центар од 27.07.2021 година.

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА  АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:

  • Реонски попишувачи и
  • Реонски инструктори.

Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како што следи во табеларните прегледи:


ЈАВЕН КОНКУРС
Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани

Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани

Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани во износ од 21,901,643 денари. Со реализацијата на овај проект ќе се изградат 4,755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа во должина од 10,627 метри. Проектот ќе се реализира во три фази и ќе се постават 600 нови приклучоци. Овој проект ќе се реализира од програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти.