Автор: Општина Кавадарци

Се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во Градскиот парк “Љупчо Шкартов”

Се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во Градскиот парк “Љупчо Шкартов”

Во Градскиот парк “Љупчо Шкартов” се изгради нова пешачка патекa со павер елементи во должина од 520 метри и на истата се поставени канделабри, за граѓаните да можат непречено да се движат по патеката во вечерните часови. Исто така во паркот се изврши санирање на оштетените камени ѕидови со обѕидување на истите, а на дел од пешачките патеки се изврши и реконструкција со гранитни коцки. Се поставија нови парковски рабници на бетонска подлога и се постави нова чешма за пиење вода како и бетонска платформа околу чешмата. Изведувач на овие градежни работи за реконструкција на Градски парк “Љупчо Шкартов” западен дел, е ТЕС-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје.

Проектот за поврзување на локални патишта – Механизам на жалби и поплаки

Проектот за поврзување на локални патишта – Механизам на жалби и поплаки

 

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Кавадарци аплицираше со проект за Реконструкции на на трите улици („Браќа Џунови “, „Пионерска“ и „Илинденска“) во Општина Кавадарци, кои се  дел од централното подрачје на градот Кавадарци.

–        Улицата „Браќа Џунови“ се наоѓа во источниот дел на градот Кавадарци, кај реката Луда Мара. Активностите на проектот ќе се изведуваат во должина од 572 m, ширина од 6 m и со две ленти.

–        Улицата „Илинденска“ се наоѓа во централното подрачје на градот Кавадарци. Активностите на проектот ќе бидат изведени во должина од 612 m, ширина од 12 m и со четири ленти.

– Улицата „Пионерска“се наоѓа во западниот дел на градот Кавадарци. Активностите на проектот ќе се изведуваат во должина од 437 m, ширина од 6 m и со две ленти.

Импленетацијата на Проектот за локални патишта ќе започне во кои во најскоро време .

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Кавадарци пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Кавадарци и  ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот

Општина Кавадарци продолжува со проектот за подобрување на уличното осветлување

Општина Кавадарци продолжува со проектот за подобрување на уличното осветлување

Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на замена на ламби на крак од ул.Црноречка. Се продолжи релизацијата на проектот за подобрување на јавното осветлување на вкупно предвидените 30 улици.

Проектот има за цел да ги подобри условите за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часови, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

Во врска со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година, општина Кавадарци Ве известува дека повикот е сеуште во тек и сите граѓани може уредно да ги достават своите барања најдоцна до 16.06.2021 до 16:30 часот во Архива на општина Кавадарци во соба број 20.

Остварена е средба помеѓу Градоначалникот Митко Јанчев, Потполковник гувернер Моли Греј и генерал-мајор Грег Најт

Остварена е средба помеѓу Градоначалникот Митко Јанчев, Потполковник гувернер Моли Греј и генерал-мајор Грег Најт

Потполковник гувернер Моли Греј и секретарот за трговија и развој на заедница Линзи Курле му се придружија на генерал-мајор Грег Најт од Националната гарда на Вермонт во петдневна посета на Северна Македонија, како дел од Програмата за државно партнерство, имаа средба и со градоначалникот Митко Јанчев. Делегацијата ќе се состане со владини и деловни претставници за да разговара за можностите за проширување на военото партнерство и економскиот развој меѓу Северна Македонија и Вермонт.

Програмата за државно партнерство на Вермонт со Северна Македонија започна во 1993 година и вклучува краткотрајни годишни воени ангажмани и ангажмани со ограничен обем, партнерство при учество во вежби и ко-распоредување во Авганистан во 2010 година. Дополнително, Програмата за државно партнерство еволуираше дотаму што вклучува и медицински активности и ангажмани за одговор при катастрофи. Тековното истражување на економските партнерства меѓу Вермонт и Северна Македонија е логична и возбудлива еволуција на програмата.