Асфалтирање на ул.„Сава Ковачевиќ“
Општина Кавадарци во населба Глишиќ раелизира градежен проект за обновување на ул.„Сава Ковачевиќ“. Денес се поставува нова асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиметри. Проектот предвидува реконструкција на улицата во должина од 300 метри каде ќе се асфалтира површина од 1800 метри квадратни.
Претходно на оваа делница се постави линија за атмосферска канализација со решетки за зафаќање на површинските води. Работите кои започнаа денес ги изведува фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.