Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2458/35 од 27.04.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.73/21), Извештај за процена на недвижен имот бр.139 од 22.05.2020 година изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје и наш деловоден бр.19-1318/19 од 22.05.2020 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 02/2021
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваатво закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2458/35 од 27.04.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.73/21).
2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП
Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.13709 КО Кавадарци запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:
Ред.бр. |
Улица и број |
Објект |
Намена на објектот |
Површина |
Проценета вредност на недвижната ствар |
Почетен износ на месечна закупнина |
Минимален чекор на наддавање |
Банкарска гаранција
2% |
Час /почеток |
Објава |
Период
на закуп |
1. |
ул.Вишешница |
Зграда 1, Влез 1, Приземје |
Деловна зграда |
73 м2 |
14.009.084,00 денари |
70.045,42 денари |
Без ограничување |
280.181,68 денари |
14.00 часот |
Прв пат |
3 месеци
(Јуни, Јули и Август) 2021 година |
Зграда 2,
Влез 1,
Приземје |
Други спортски рекреативни објекти |
96 м2
|
Зграда 3,
Влез 1,
Приземје |
Други спортски рекреативни објекти |
4 м2
|
Зграда 4,
Влез 1,
Приземје
|
Други спортски рекреативни објекти |
116 м2
|
Објект 5,
Влез 1,
Приземје |
Базен за пливање |
3541 м3 |
Објект 6,
Влез 1,
Приземје |
Базен за пливање |
158 м3 |
За земјиштето со кп.бр.13709 КО Кавадарци на кое се наоѓаат недвижните ствари кои се предмет на давање во закуп донесен е Урбанистички план ДУП „Јасмин“ ГП 3.4.
Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижните стварии истата е наведена во табеларниот преглед.
Недвижните ствари од табеларниот приказ се даваат во закуп за период од 3 (три) месеци – Јуни, Јули и Август 2021 година од кои објектите број 5 и 6 се издаваат наполнети со вода.
Проценетата вредност на недвижните ствари е утврдена согласно Извештај за процена на недвижен имот бр.139 од 22.05.2020 година изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје и наш деловоден бр.19-1318/19 од 22.05.2020 година.