Автор: Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2021

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2021

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18 и Службен весник на РСМ бр.303/20),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 04/2021

За унапредување на 1 административен  службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа :

 1.УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на Сектор за правно-нормативни и општи работи, Сектор за правно – нормативни и општи работи …………..1 (еден) извршител.

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со актот за систематизација се:

Стручни квалификации ниво –   ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и тоа: Правни науки

                – Работно искуство и тоа: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни;
  • раководење и
  • финансиско управување.

 

                Посебни работни компетенции:

  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  • потврда за положен испит за административно управување.

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Кавадарци-Локална Самоуправа, кој покрај општите и посебните услови за пополнување на работно место  треба да ги исполнува и  следните услови:

-да е оценет со оцена ̎А̎ или̎ Б̎ при последното оценување,

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за  кое е објавен  интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на тековното работно место,

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

                Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за пријавување на интерниот оглас е  5 ( пет ) дена од денот на објавувањето.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Кавадарци  до Секторот за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса 

 Дневното и неделното работно време е од 8:30часот до 16:30 часот, од понеделник до петок.

Платата за работното место е во паричен нето износ од 32.866,00  денари.

Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување.

                Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оргиналот.

                НАПОМЕНА:Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

ИНТЕРЕН  ОГЛАС За унапредување на овластени службени лица во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС За унапредување на овластени службени лица во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци

Општина Кавадарци објави интерен оглас за унапредување на 2(двајца) овластени службени лица : 

 1. Командир на Одделение со шифра ПОЖ 02 10 Б04 000 во Територијална Противпожарна Единица Кавадарци …….2 извршители

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2021 година Бр.08-2458/6 од 27.04.2021, член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2021 бр.08-4989/8 од 25.09.2020

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето

на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 17.05.2021 година.

1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 28.04.2021 година заклучно со 17.05.2021 година

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.

1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.

1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

 

  1. Начин на пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување  на дел од трошоците за набавка на купен велосипед.

2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци ги доставува следните документи:

  • Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Граѓански услужен центар на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата kavadarci.gov.mk),
  • доказ дека е полнолетен жител на општина Кавадарци што се докажува со фотокопија од важечка лична карта,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед во Република Северна Македонија од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, и тоа со оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка .
  • копија од трансакциска сметка на барателот.
  • Изјава дека го нема искористено правото на субвенционирање за купување на велосипед за претходните 4  години од последниот објавен Јавен Повик за субвенционирање за купување на велосипед од Буџетот на општина Кавадарци и буџетите на другите државни институции за претходната година.

2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.

2.4 Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен бел плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година во архивата на општина Кавадарци, на адреса ул. Плоштад Маршал Тито бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

2.5 На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање за купување велосипеди на подрачјето на Општина Кавадарци”.

 

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено

 

  1. Начин на спроведување на јавниот повик

           

3.1. За спроведување на транспарентна постапка при добивање субвенција за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2021 година, доделувањето на средствата ќе се одвива според Правилникот бр.08-4989/8 од 25.09.2020 за условите, начинот и постапката за користење на финсиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци за купување на велосипеди и тоа на следниот начин:

– Општина Кавадарци со цел стимулирање на користењето на субвенции за велосипеди, ќе распишува Јавен Повик

– За времетраење на огласот, најмалку два пати ќе има известување за јавноста за времетраењето на повикот.

– По завршување на Јавниот Повик, најкасно по 3 дена, ќе  се одржи јавно извлекување на подносителите.  За времето и местото на извлекувањето Општина Кавадарци ќе даде соопштение на својата веб страна. Секој барател кој има доставено барање за субвенционирање на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување.

– За спроведување на активностите за реализација на Јавниот Повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци  ќе формира комисија од четири члена и нивни заменици. Комисијата по пристигнувањето на сите барања за субвенционирање доставени за времетраењето на јавниот оглас, со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања.

– Извлекувањето од точка 1.3 на овој дел од Јавниот повик ќе се одвива на следниот начин:

– извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадарци ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Општина Кавадарци.

– ковертите во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават во посебен сад.

– лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на еден член на комисијата.

– претседателот/членот на комисијата го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапуваат кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од правилникот.

– за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка.

– во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќе заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација.

– доколку има две или повеќе извлечени баратели со иста адреса на живеење и од исто семејство, се уважува барањето на прво извлеченото.

 

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

4.1. Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства во износ од 50 %, но не повеќе од 3.000 денари, бруто износ, по лице, за барателите кои ги исполниле критериумите согласно Правилникот бр.08-4989/8 од 25.09.2020 за условите, начинот и постапката за користење на финсиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Кавадарци и јавниот повик.

4.2. Градоначалникот на Општина Кавадарци на предлог на Комисијата ќе донесе Решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува критериумите дефинирани согласно јавниот повик.

4.3. Комисијата за спроведување на јавниот повик го објавува предлогот за субвенционирање/надомест на вебстраната на општина Кавадарци и ги известува барателите

 

 

                                                                     

Работен состанок на Градоначалникот Митко Јанчев со директорот на Агенција за управување со одземен имот Фатон Асани

Работен состанок на Градоначалникот Митко Јанчев со директорот на Агенција за управување со одземен имот Фатон Асани

Денес во посета на Општина Кавадарци и на работен состанок со Градоначалникот Митко Јанчев беше директорот на Агенција за управување со одземен имот г-дин Фатон Асани. На состанокот се разговараше за одземените возила кои се транспортираат во депото на РЦ Југ. За зголемениот број на одамна одземени возила кои во поголем број веќе се старо железо треба да се најде решение за нивно дислоцирање. Ова беше денешната тема на разговор на градоначалникот Јанчев и директорот Асани. Се со цел заштита на животната средина и чистење на хаварисаните и стари возила , се наоѓа решение за нивна дислокација од територијата на Општина Кавадарци.

 

Вицепремиерот Љупчо Николовски во работна посета на општина Кавадарци

Вицепремиерот Љупчо Николовски во работна посета на општина Кавадарци

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска беше во работна посета на Кавадарци. Се сретна со претседателот на Основниот суд, д-р Лазар Нанев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во поширока изјава за медиумите Николовски информираше за разговорите во Кавадарци, но и за активностите кои се насочени во борбата со корупцијата и криминалот.