ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023
Врз основа на член 48 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18 и Службен весник на РСМ бр.303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година, бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и бр.04-2567/4 од 24.11.2022 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БРОЈ 02/2023
За унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци
Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа :
1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за комунални дејности, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина…………..1 (еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.