Автор: Општина Кавадарци

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по ДУП за УЕ5, Блок 5.10

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по ДУП за УЕ5, Блок 5.10

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15,193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална смоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма заа изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2021 година, Глава ИИ, Точка 4, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

 

Граници на планскиот опфат се :

  • од северната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Вељко Влаховиќ”,
  • од источната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Цветан Димов”,

од јужната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Моша Пијаде”,

  • од западната страна, границата на опфатот се движи по осовината на булевар „Западен булевар”.

Површината на планскиот опфат изнесува 4,64 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во

просториите на Општина Кавадарци.

Јавната анкета трае од 15.02.2021 до 26.02.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.02.2021 година (Петок) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Македонија” бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

 

НОВ НАЧИН ЗА САНИРАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊА НА АСФАЛТНИ УЛИЦИ

НОВ НАЧИН ЗА САНИРАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊА НА АСФАЛТНИ УЛИЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претставникот на фирмата STRASSENFEX MICHAEL Doo Скопје Даут Елмази денеска најавија новина во санирањето на оштетените места на асфалтните улици и патишта. Пo данска технологија , германската фирма со седишта во Македонија со посебна база на која главна суровина е пластиката, врши санирање на пукнатини и други помали оштерувања на афалтните патишта.

За брзо време, наместо да се санира подолго и далеку понепрактично откорнувајќи значаен дел од здравиот асфалт, ова технилогија нуди многу попрактино решение за ваквиот вид комунални проблеми. Демонтрацијата на санирање на оштетувања на асфалтот тоа и практично го покажа.
 

 

ПРОБИВАЊЕ НОВ КРАК НА УЛИЦА  „ЃУРО ЃАКОВИЌ“

ПРОБИВАЊЕ НОВ КРАК НА УЛИЦА „ЃУРО ЃАКОВИЌ“

Градежната механизација на фирмата „Градба промет“ вчера започна со работа на пробивање на нова улица во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.

Градежните работи се дел од проектот за продолжување на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“. Во оваа фаза се отстранува земјата и се оформуваат контурите на улицат, после што ќе уследи тампонирањ и поставување на рабници. На крајот ќе биде извршено поплочување со бехатон (павер елементи).

Новата улица се гради на барање на жителите од овој дел на Кавадарци, а јавната набавка е дел од поширок проект на Општина Кавадарци за поплочување и пробивање на неколку улици.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општината Кавадарци деновиве реализира проект за подобрување на постојната мрежа од Јавното улично осветлување во градот.

Ангажираната оператива работи на замена на постојните 30 W ЛЕД ламби со нови високоефикасни 19 W  ЛЕД ламби. Денеска се работеше на улиците „Ило Костов“ и „Максим Горки“. Овие две улици се дел од  предвидените 30 улици каде ќе се изврши замена на вкупно 352 ламби.

Проектот има за цел да го подигне нивото на осветлување на улиците, и да зштеди на потрошувачката.  Со ова се создадат услови за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои.

Во наредниот период општината спреку истиот проект ќе интервенира и на нови улици.

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.143/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 01/2021

За унапредување на  7  административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 7  (седум) извршители и тоа :

 

  1. УПР 01 01 Б02 000 Раководител на Сектор за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси……………1 (еден) извршител;
  2. УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на Сектор за јавни набавки, Сектор за јавни набавки …………..1 (еден) извршител;
  3. УПР 01 01 В01 000 Советник за администрирање на постапки за јавни набавки, Одделение за администрирање на постапки за јавни набавки, Сектор за јавни набавки …………..1 (еден) извршител;
  4. УПР 01 01 В01 000 Советник за организација на Совет на општината, Одделение за организација на советот на општината, Сектор за правно-нормативни и општи работи …………..1 (еден) извршител;
  5. УПР 01 01 В01 000 Советник за изготвување на предлог буџет, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања …………..1 (еден) извршител;
  6. УПР 01 01 В01 000 Советник за спроведување на урбанистички планови, Одделение за урбанизам, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина …………..1 (еден) извршител;
  7. УПР 01 01 В01 000 Советник за правни работи и застапувања, Одделение за комунални дејности, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина …………..1 (еден) извршител.
ИНТЕРЕН  ОГЛАС  БРОЈ 01/2021