Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19), Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5608/12 од 28.10.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.64/20), Извештај за процена на недвижен имот изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.306 од 16.10.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/50 од 19.10.2020 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/38 од 16.12.2020 година, донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20), Извештај за процена на недвижен имот, изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.369/1 од 16.11.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/63 од 17.11.2020 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/37 од 16.12.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20), и Извештај за процена на недвижен имот, изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.369/2 од 16.11.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/64 од 17.11.2020 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 01/2021
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5608/12 од 28.10.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.64/20), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/38 од 16.12.2020 година, донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.12709 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6496/37 од 16.12.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.66/20).